Бевме кај Шандуловски, вика ништо не е , инфекција некоја, Миробакт ни даде да мачкаме, незнам што да кажам
Ќе помине и само од себе ако е коксаки, дека тоа е вирус. Моиве немале, ама по децата што сум ги видела мене апла ми личи на коксаки.
Го прашав дали е коксаки и ми вика нееее, нешто фатил прљаво, мене ми е сумњиво, лицето и рачето а гледам и мали ситни брунчиња сега има на рачето и ноџињата, ама ептен неприметни се и јас ко што гледам што е коксаки на интернет, на тоа ми личи и мене, незнам, еве го намачкав сега па ќе видиме
Епа тоа е, коксаки го викаат hand mouth foot disease дека на тие три места се појавува. Како за сипаници позади уши што е типично. Ќерката кога имаше сипаници цела недела имаше само неколку брунчиња и ми викаа не бе не е сипаница, за да на шестиот ден наеднаш се исипа цела. Некогаш (нажалост) сам свој мајстор подобро да си бидеш кога се работи за здравје.
Кај синко аденовирус бил, сега кога читам симптоми ништо не го одмина, прво имаше конјуктивит, па како настинка, па тт цела недела, пнеумонија, на крај пролив. Цел месец, дури сега научивме дека е тоа.. Денес не пуштија од болница, пролив нема ама уште има столици, да продолжиме дома со диета и тоа е. Ако некој има искуство со вирусов нека пиши како поминал. Ова цел месец го фати
Бела храна - ориз, компир, јогурт, овес, банана, можеш печено јаболко, крекери, тостирано лепче, супа.
Мајки синко е со затнат нос скоро 1 недела најизразено му е кога лежи и го тера да поткашлува. Го однесов на лекар замената го прегледа грло малце црвено,гради чисти само да чистиме нос. Самоиницијативно му направив кс зашто гледам дека не оди на подобро многу густ зелен секрет вадиме од носе,леукоцитите му се 15 и има покачени гранулоцити (обично и %). Апетит исто катастрофа со плачки се раниме.. И пратив на замената резултатите она вика ок се а во Козле секогаш ми кажувале кога се покачени овие параметри укажува на бактериска инфекција.. Навистина не знам како да постапам а плус утре му е роденден се мислам да откажам па друг ден да го прославиме.
Не мора да значи дека е за антибиотик, направете брисеви утре. Црп колку ви е ? Во моментов не познавам дете што е без секрет и поткашлување, моето пие антибиотик и сеуште е преполн мрсули. Ако нема температура не гледам зошто да не си славите роденден. Ако си ептен во недоумица слушај си ги инстинктите и барај уште едно мислење од лекар. И нормално, ако осетиш дека се влошува, се засилува кашлица, омалаксува детето, температура и слично, ќе го однесеш веднаш на преглед па и без брисеви ќе проценат дали е за антибиотик.
Од брисеви чекаме резултати ама скоро сум сигурна дека ќе биде изолирана стреп.пнеумониае во нос од причина што често ја имаше порано. Црп-то не е многу покачено 15 му е. Да обавезно тоа ако се влоши одма ќе го носам на преглед,ти благодарам на споделеното мислење.
Контрола за брисеви две недели после антибиотици. Ако има во грло 2 недели после антибиотици може АСО да проверите, ако е во нос доволно само брисеви. Барем јас така би направила.
Ова од далеку се гледа дека е коксаки. Бањај со хиперманган за дезинфекција и да му олесниш. Во секој случај Миробакт ќе помогне да не се инфицираат раничките дополнително.
Мајки, син ми една вечер повраќаше неколку пати и последно поврати дабајле пред да го носам на детско. Таму ми кажаа дека добро им изгледа и дека не е за инфузија (и мене ми личеше физички добро ) јазикот влажен, стои на нозе и зборува. Дента и нареден ден супер беше и третата вечер пак поврати во спиење. Другиот ден се супер беше и еве сабајлево му падна шеќерот -неможе на нозе да стои , се тресеше и бараше благо, и буквално заспа ама го напив сок, благо,чипс му дадов и кока кола и сега океј е изтоштен ама буден. Дали да го носам на детски ендокринолог и дали може др испитувања да му направам? Има ли нешто приватно во скопје? Некој да ми препорача. Тука докторите викаат мал е да се почека.(од помал град сум) Ама веќе 5 години има до кога да чекам. Едит: Заборавив да напоменам дека неколку пати шеќерот му е паднат како помал.
Мирјана Кочова ја знам како одличен ендокринолог. Мислам таа е на приватно сега, доколку не е во пензија.
На детско да проверат ацидобазен статус преку крв, тоа е за дехидриратација. И моево физички не личеше на дехидрирано ама катастрофа беше ацидобазниот, сите вредности паднати, после 2 дена со по 2 инфузии денот се направи нормален.