Мене ми кажаа цела недела следна да не оди во градинка, многу е заразен вирусот. Потврда на крајот на неделата ми дадоа за понеделник.
Со лесно и да помине брзо. Секако консултирај се со матичниот уште еднаш за мислење и следи дали ќе се јават на друго место (стапала, рачиња)
Здраво, ве молам за помош некој со слично искуство дете од 3 години не сака да се облече, можеби звучи смешно ама мака се мачи со тоа да се натера, долна маичка никако чорапи никако, само по пижами дури и надвор, веќе е премногу ладно. Многу голем отпор, пробано е СЕ, сама да си одбере гардероба во продавница, ќе се согласи во моментот потоа дома не, нема да излезе, ама нема да се облече, веќе е ладно почна да тече нос колку и да гледам да е топло внатре, енергијата цела ја трошам само на убедување и пак ништо, неможе никој да ја натера не само јас. Срам ми е и надвор што излегува така ама НЕМА шанси да ја убедам, некој искуство? Дали е фаза? И до кога? И дали може некако да се убедиме предолго трае...
Каков вирус хара низ градинките сега? Синко кака потечна столица од вообичаено, топол е и таков е млитав, му се спие. И има гасови. Некој со слично?
В болница го гледаа на јазичето, на стомакот го штипкаја, ама лажна слика даваше, физички воопшто не личеше на дехидриран а на крвта ко проверија беше многу дех. Ако се сомневаш оди на доктор обавезно и по можност проверете ацидобазен статус. Спојлер: Слика
Добра е,нема ништо ми рече да пратам во случај да и се зголемува да правиме брисеви,ама нема и се намалува и најверојатно е од забите.
Кај моево аденовирус беше, во измет испитаа ама најлошо што можеше помина, почна со конјуктивит пред 1 месец, па како настинка со мрсули, тт 7 дена, па пнеумонија, па 5 инфузии венски антибиотик, па дома уште 7 дена панцеф и на крај пролив без прекин, јаки грчеви, болка во стомак, 4 дена во болница по 2 инфузии денот заради дехидратација (кои течеа по 4 сати). Само што почна в градинка по 3 недели ова си го доби..
Аууу најлошиот вирус што го има прележано син ми! Со тт 41, на саат време качуваше, пролив по 10 пати, повраќање, пневмонија, ужас! 10 дена лежевме у Козле, само на спиење и вода беше, цркнав тогаш. Не сакам име да му прочитам на вирусов веќе!
Со првото ништо од ова не видов фала на Бога, ама ова беше најлошо искуство досега за мене, никаде да нема вака. Никое дете да не е толку болно. @Shaya да добар е, средата си дојдовме, па еве полека се враќа на нормална храна, на диета беше 6 дена.
Уф ме преплашивте. Синко имаше 2 дена пролив и тт, сега имаше прва тврда столица фала богу и нема тт, ама па денес не јаде, туку цица и онака е млитав, спор. Дали вака прогресира ако е истиот вирус? @lackygirl @Mumoftwo30 @TheSecret
Каде најде оспен? и малата ми е со стрептокока ама мн.чудно грлото ок , мислев проблем е носот но си качи 39.1 и високи леукоцити и грануло Изгледа сме ја фатиле ептен на почеток инаку матичнава ни рече нема оспен нигде ни даде некој на приватно Префикс 715 го платив
Znae da ima denovi so tvrdi stolici ama sledniot den pak..bar kaj nas taka e... Dosaden e trae prilicno dolgo
Кај нас не спушташе тт 10 дена, не знам колку пати бевме на др, леукоцити и црп кога се качија ни дадоа антибиотик, два испи немаше подобрување, на крај спушти на плуќа и завршивме во Козле, сите можни симптоми ги имаше.
Има, само за некои типови на аденовирус, ама само америчка војска ја прима, уште не е дозволена за широка популација.