Од утре , среда 16.09.2015 годна на Канал 5 започнува една нова турска серија. Иако е постара (снимана е 2009 година ако не се лажам) со топло срце ви ја препорачувам да ја гледате. Во серијата чиј оригинален наслов е Да сум облак, се работи за Мустафа Булут (Engin Akyurek ) и неговара патолошка љубов кон неговата прва братучетка Нарин ( Melisa Sozen) како и чистата и искрена љубов на докторот Сердар ( Engin Altan Duzyatan ) кон Нарин. Мустафа Булут е син на градоначалникот на едно мало место во Мардин, Аслан Булут кој пати од епилепсија и е психички нестабилен но, со добро срце. Во серијата е прикажан како негативец кој ја зема Нарин да се венча со него во шеријатски (верски) брак и ја држи да спие до него во ланци врзана. Сепак тој во неа гледа нешто најчисто и најубаво и само таа му е во мислите и како да го засака, поинаку од братучед. За да го отргнат од Нарин мајка му и татко му му ја носат Асије да го оженат законски со неа, но тој не сака ни да ја погледне само Нарин му е во паметот. На свадбата пука во Нарин и сака и себе си да се убие но во тоа го спречува татко му. Докторот Сердар кој е поканет на свадбата ја спасува Нарин од сигурна смрт и се заљубува во неа.. Серијата е комплексна, тешка и ќе ве натера да плачете, да се смеете да го мразите и да го сакате Мустафа. Оваа серија или ќе ја загледате од прва или никогаш нема да ја догледате.