^Секако дека имаат чувства. Имам 5 хрчаци дома ги пуштам низ соба ги бацувам ги гушкам ќе излезам и ќе се вратат они трчаат по мене срциња мали иначе солзи почнаа да ми течат од видеово и јас би чувала лав
Видеово првпат го погледнав пред месец и половина, на работа. Се расплакав бре, ама сериозно...дури ми стана и непријатно од колешката (пошто она ме доживува како внука на Хитлер ) Толку емоции, лупање на срце, морници кои ми ја направија кожава како штотуку искубана кокошка....не сум почувствувала мислам дека од времето кога дечко ми ме бакна првпат. Убавини ... јас мислам дека да сум била на лице место на настанов, еден инфаркт од возбуда ко ништо ќе сум доживела
Ооо бепче! Колку е трогателно! После толку време си го позна сопственикот и не можеше да му се изнарадува Најубаво,најмило,најслатко на цел свет!
Душиче мило,кутрото. Колку беше среќно што ги гледа..Којзнае колку му недостигале. И тие имаат чувства.
Колку само се наежив .. ова видео е доказ дека ќивотните знаат да ценат и сакаат повеќе од луѓето.. без коментар !
Спојлер Море ниеден човек на светот не може да сака ,почитува и да биде верен како една животинка! Затоа ги сакам многу повеќе од луѓиштава... Ми доаѓа да го земам дома и да си го гушнам до мене ,толкаво џиновско и демек-убиствено!
Ова го погледнав сега за првпат.. Немам зборови .. Се расплакав..кои емоции човече! Значи, дефинитивно животните не забораваат кога ќе им се направи добрина, за разлика од луѓето кои се неблагодарни суштества!
Боже значи немам коментар Лавот не ги заборавил Кога го погледнав видеово солзи ми потекоа од очиве .