И јас вака сум правела кога бев мала

Дискусија во 'Дете' започната од eutixismena, 21 април 2016.

  1. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Кога ќе се роди бебето сите одма гледаат ее на тебе личи на татко му личи.
    Темава е за тоа какви слични карактерни особини и однесување има вашето дете со вас кога сте биле мали.
    Пр. Мајка ми често спомнува кога беше мала ти ке одиме на кај чаршија ќе слушниш музика и застануваш и дури не ја изиграш песната не се заминува од местото, така син ми некни поминуваме низ бензиска и слушна песна застана среде бензиска не пушти од раце и почна да се врти многу го погодила песната. И баш ме потсети на мајка ми и му викам на мм "И јас вака сум правела кога сум била мала"

    Ако е дупла или неинтересна темава Канта :)
     
    На Mhhm и galapce им се допаѓа ова.
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    Хaхaхa интереснa темa :D

    Првoтo синче (2гoд) е кoпијa нa мене тoлку личи и све прaви истo кaкo јaс штo сум прaвелa кaкo мaлa , све сaкa дa пипне , све сaкa дa прaшa , се срaми , не сaкa бaкнувaње сo никoј друг oсвен сo мене :D ГO OБOЖАВАМ :l:
     
    На Mhhm, galapce и eutixismena им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    24.493
    Не можам да кажам на кого личи мојата малечка, мешавина од мене и мм, но некако повеќе на него ми заличува! Небитно, важно има и мои особини и физички црти!
    Русокоса и синоока и кадрава и буцка - и јас сум била иста!
    Многу сака песнички, цел ден пее и бара јас да и пеам... и јас сум правела така по раскажување од мајка ми!
    Имаше период кога многу играше со кукли - исто и јас најмногу сум се занимавала со куклите кога сум била на таа возраст!
    На вода вика - года иако знаме да каже вода, јас засебе паметам дека до поголема наместо дајте ми вода сум велела ,,дајте ми года,, Значи и во тоа личи на мене!
    Мојата малечка многу се противи кога треба да и ја средам косата и со многу убедување успевам да и врзам опавче, мајка ми веднаш ме потсетува дека и јас сум била ,,рошла,, во главата кога сум била малечка!
    Тоа ми текнува!
     
    На eutixismena, Mhhm, LaDyDoLl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    16.927
    Пол:
    Женски
    Интеρесна тема! Син ми ја има цела физиономија на мм,κонстρуκција на глава,движења,одење. Но,тенот го има на мене и личи на пρв поглед на бρат ми,мајκа ми. Во однос на однесувањето,миρен е отсеκогаш-таκва сум била и јас. Саκа многу животни и мотоρни сρедства :) - мм има 10ρазлични :). Не се плаши сκоρо од ништо,таκви сме и јас и мм. Не е плачливо и неρвозно дете,сκоρо сеκогаш е насмеан. Јаде јадења κои ги обожава татκо му. Збоρува мноооогу-е тоа е на мене(мм го мρзи уста да отвоρи).
    Во гужва не е κомуниκативен и е повлечен-мм воопшто може и да не збоρне :) Има долги тρепκи(ние двајца немаме)и топчести(буцκасти) обρази.
    Во глобала детето ги има гените на двајцата,па често се смееме со мм,да биде личен κаκо тато а паметен κаκо мама :)
     
    На snegulkata, mariz и Mhhm им се допаѓа ова.
  5. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Имам две керкички,во однос на тоа на кого личат,сите различно ми кажуваат,некои дека малово скинало глава на мене,некој за поголемата дека личи на мене,други на татко и,моите пријатели и роднини што ме знаат како мала велат дека се на мене,а на мм дека се на него:D, јас пак викам нека си личат сами на себе најубаво е
    Јас како мала сум била по повлечена, не сум била бесно дете, моите ми имаат кажувано дека кога ке сме се качеле во автобус,јас сум плачела и сум викала да се симнат сите луге,не сум сакала со нив да се возам:wasntme:
    Во градинка немало шанса да ме запишат,сум рикала-плачела па така директно тргнав во школо,а и мајка ми тогаш била невработена па со неа сум си седела
    Големата ќерка ко да има нешто он мене во тој поглед,се сеќавам кога беше помала ни дојдоа гости и тиое ја закачкаат и зборат а таа се бутнала до мене,отидов во кујна да земам нешто таа по мене и ми вика- мамо речи им да не ми прават муабет:D
    исто дур бев со неа дома до годинка ако ни дојдеше некој на врата таа ке почнеше да плаче
    Другово уште е мало за да видам каква ќе биде,но е по дружељубива, иде кај комшии,не ме бара,само на неа интересно да и е,за понатака ќе бидиме
     
    На Mhhm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mhhm

    Mhhm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Мојот помал син физички воопшто не личи на мене, но само физички. Инаетот, комуникативноста, емотивноста, енергијата му се целосно од мене наследени :lol:
    Е и јас знам дека на негова возраст сум обожавала да играм под маса, исто и тој најмногу обожава да си игра под трпезариската маса, без разлика за која игра се работи :D
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.138
    Пол:
    Женски
    Поголемиот син е цел на мене, ама тоа што го прави јас не сум го правела како мала. Бев мирно дете. Кога одев во продавница со моите јадев тоа што ќе ми го купат, а син ми научил да бара што ќе му текне. Ако не му го купам тоа што го бара, одма вришти. Дома растура играчки, па јас му ги собирам. А јас кога растурав играчки, сама си ги собирав. Помалиот цел на маж ми, ама е ист како брат му.
     
  8. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    I sin mi e cel na mene Fala bogu hahah.
    Koga ne mu davas ona sto go saka ili ne mu ides po volja bilo sto, lut e na mene I odI da lenge na ploci, vadi corapi I se drugo, namerno da se nerviram oti taka ke nastine(facepalm)
    Istoto go pravev I jas kako mala hahahah:D
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.440
    Допаѓања:
    10.990
    Пол:
    Женски
    Син ми е копија на мм.
    Како физички, така и карактерно. Освен тврдоглавоста и инаетот, на мене нема ништо друго.
    Мм знае да ме зафекава, ете ги учи рекламите на памет и ги пее исто како ти кога си била мала.
    И вистина, како мала сите певливи реклами на памет ги знаев и со душа чекав да почнат.
    Многу сакав и песнички да учам и рецитирам. Гледам и тој си ги има истите интереси. :lol:
    Ќерка ми пак, малечка е и сите викаат дека личи на мене.
    Мислам дека се во право, а и редно е барем второво на мене да заличи. :D
    За карактерни особини нема што многу да се каже. Малечка е, има само 6 месеци.
    За разлика од темпераментниот нејзин брат, таа е мирно бебенце. Таква сум била и јас.
    Сака мазење и чешкање, сакам и јас.
    И најинтересно ми е движењето на стапалата кога лежи, седи, одмара.
    Постојано ги мрда, а јас истото тоа цел живот го правам.
    Јас мирувам, но стапалата никогаш, тие постојано си мрдаат. :)