Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Ова со косиве кратки, долги нечешлани ми е безвезе и тренерките. За друго се согласувам невкусно е во училиште да се оди со голи стомаци, миничи...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    А кој носи миничи, екстра мега куси шорцеви и кроп топ кога во лето училиштата не работат? Мислам претежно е студено за време на школска година. Ова со косите е нон сенс. Во која доба се враќаме со вакви одлуки...
     
    На Waverly Raven, Angie1432, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    И строго неисчупани да одат на школо. По можност и џунглирани доле. Само кој ќе проверува незнам. :D
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.089
    Да, несоодветно е со искинати фармерки. Зашо има искинати ама има и издрпани цели кои да не се лажеме многу невкусно делуваат, сепак образовна институција е.
    И за миничите и ултра кратките шорцеви имаат право. Викате кај идат така, епа идат, или со кроп топовите.
    Не доликува за во училиште и крај. Има места кај да се носат, за таму не се.

    За другиве работи како коса, обетки, пирсови, може и за тетоважи ќе речат, ја претерале. Тука не треба да се мешаат и да проповедаат.

    Инаку кога веќе решиле за кодекс на облекување, треба тоа и за наставниот кадар да важи подеднакво.
    Пошо реално многу од нив исто така идат несоодветно облечени па нека воведат сметка и за ова.

    Убаво вика другарка ти за униформите. Не дека ќе се покријат класните и статусните разлики, тоа не се покрива туку попретставително е и многу подобро изгледа. Убаво, прибрано, на место. Скроз сум за ова.

    Еј сериозно со тренерки у школо да се иде? :^) Глупо е бе и не личи. Ниту тренерки ниту хеланки.
    Тие само за на физичко, а не за на другите часови.
    Преку лето се десило да видам, да. Викаат на распуст биле децата тогаш, а мај и јуни шо знаел пекол да е па лабаво си се разголуваат некои? На сите ни било топло ама тоа е.

    Еве една од генерација со фустан беше летен, не беше краток ама со деколте и испаднаа надвор коа се наведна. :| Најсериозно ти кажувам. А основно бев, крај на 8 - мо.
    Абе не иде, стварно не иде.
     
    На nextredstyle, VDT2906 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.207
    Допаѓања:
    4.252
    Зошто? Бог да не е образовната институција? Почитта проформе е опасна. Создава привид дека сè е во ред, иако не е, што пак за последица има намалена волја проблемите да се решат.
    Затоа не за ваквите правила во образовните и државните институции.
     
    На Waverly Raven и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Аман бе, кај сте училе вие? :D
    Кај нас ако дојдеш на прерамки нема да те пуштат да влезеш во школото :D
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.089
    Во едно скопско општинско основно училиште.

    Не се замараа нешо многу тогаш. И наставничка имаше една барбика машала, дотерана и све тоа ама претеруваше како за наставничка со облеката. :|

    А после па им текна воведоа ко демек униформи за учениците, све само униформи не беа, маици и џемпери само со логото на училиштето, никој не ги носеше и батали ја.
    Сеа како е таму не знам искрено.

    Ама ги глеам бе како шетаат ученичките, средношколки ли се или основци нз, ептен недолично идат некои.
     
    На Gosh, nextredstyle и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    За што не личи? А за што би требало да личи? Тренерките не спаѓаат во нешто проблематично, ама баш во ништо. Само се парче облека кои си ја вршат работата, а во школо си по цел ден и ако му е така на некој удобно зошто цел ден да седи во фармерки? Еве маливе се само во трнерки, сигурно нема да се стегнат во фармерки. И зошто поголемиве деца да мора да се стегнат во фармерки?
     
    На christinnn, drugarka, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Брада? Нешто природно што ти расте е граница која ја поставувате? Па ај поарно пишете забрането за мажи, еве мене почна брада и бркови да ми растат во основно? Основнци ќе терате да се бричат секој ден?
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Јас кога одев во школо, сите горе доле изгледавме пристојно облечени. Еве не памтам доаѓање во школо со миничи и стриптизерски штикли, освен ако не ви е Eуфорија серијата синоним за школо. Јас носев и блузи без ракави кога беше екстра топло, не само јас туку и други и не гледам како рамењата ми ја попречија едукацијата која ја добив. Имавме униформа ама ја укинаа зашто никој не ја носеше.
    Искрено со право што ги обвиниле за дискриминација, преглупи правила.
     
    Последна измена: 18 март 2024
    На Lella, Srckata28, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Баш така. Некаде прочитав и за хеланки некој се бунеше. Што има лошо во хеланки? Па и тие се рачунаат во долги панталони. Ама се на се изгледа дека им пречи женското тело. Ова е тешка сексуализација како и се друго во нашето просто општество.
     
    На 1209, joy1, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    У сред зима носат кроп топ и фармерки скинати (или мини сукња кај што се гледа газот). Само јакна одозгора носат во зима за надвор и толку.
    @RainBow мене ми е проблематично тренерки. Имам дете кое е трето одделение и се трудам колку можам почесто во панталони да го пуштам на школо.Тренерки се за спорт, за професионален изглед треба да се носи соодветна облека. А тоа се учи уште од мали. Касно е кога ќе дојдат на факултет или на работа да им се објаснува што е соодветно однесување. Доаѓаат распарталени, со миниќи, со кроп топови, утегнати во хеланки во кои се се оцртува, со тренерки на факултет и се однесуваат како ден во школо да немаат поминато. Никаков почит немаат кон образование зашто од дома така се научени. Да не почитуваат никого и ништо.

    Срамно е за родителите што не ги учат децата на основна пристојност. Декаденција тотална.
     
    На Wideperpetual, _Vera_ и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.195
    Допаѓања:
    125.372
    Пол:
    Женски
    Ако не сфаќаш зошто е битна почитта, тогаш треба да си ги скинеш сите дипломи кои ги имаш добиено.

    Тренерките се посоодветни за на час по физичко.
    А, за фармерките...
    Зошто да се стегнат? :D
    Веројатно знаеш дека постојат и широки и еластични модели на фармерки.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Моето оди во тренерки, и сите одат во тренерки што ги гледам до 4то. Горните одделенија не сум ги приметила како се облекуваат.
    Стилот на облекување тоооолку многу се менува, премногу значење му даваш на тоа дека ти ќе го научиш од сега така дека требало да се облекува за таму и таму. Има страшно многу надворешни влијанија на ова поле, па дека од трето ако одело во тренерки ќе било натаму распарталено е пресмешно.
    Ова ко кога бевме деца и собиравме овошки по дрва и ни викаа кога ќе пораснеме крадци ќе бидеме. На истото ниво ми е. :D
     
    На 1209, theowndemon и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    Значи да влезеш во зградата на Општината ти треба кодекс на облекување и тоа ви е ок , пошто институција.
    Ама за на училиште пошто е институција од ист ранг ко Општната не е ок?
    Дека е претерана забранава за тренерки,боја на коси, брада и сл е. Се сложувам.
    Ама ај одете и погледнете ги еве за девојчињава ќе земам пример голо меше, минич до пич ( ова на пролет и лето). Каде оди тоа девојче, на плажа или на училиште?
    Не зборуваме за рок/метал фазон или турбо фолк па тоа да е начин на облека и да смета.
    Зборуваме за безобразлук. Дали знаете дека 9то одделенки и средношколки носат корп блузи кои им ги покрива само градите?
    Искинати фармерки каде фали пола ногавица е ок ако одиме на кафе, не знам парк. Ама на училиште?
    Одете видете, јас имам дете од 4то одд мене ме фаќа срам а јас носам исто така кратко, искинати фармерки и сл. ама не во ИНСТИТУЦИЈА.
    Машките од секогаш ми биле посредени од девојчињата и од мое време и сега.
    Само да знаете дека имам внука 14 год. нејзина сооученичка залепила трепки за на школо. И тоа е ок?
     
    На christinnn, Mrs. right, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    А зошто не во тренерки? Тренерките баш повеќе топлат зимата. И битно долги да се, а не да се оди гол.

    Искрено, јас сум од помал град каде беа дозволени секакви ДОЛГИ панталони и имаше обезбедување на вратата шо стоеше и не те пушташе ако дојдеш во кусо.
    Мислев дека Скопјани повеќе внимаваат на тие работи ама сум се излажала. Ама тоа е пропуст на училиштата, оти на децата ако им дозволиш и на глава ќе ти се качат.
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Освен кодексот на облекување, се останато е жива глупост! Лично јас свое дете не би пуштила во училиште кога неговиот физички изглед би им бил од значење.
    Немаме профил на ученик или не ученик, според физичкиот изглед, секое дете без разлика на бојата на коса, должината и сл. може да биде солиден и добар ученик, или обратно.
    Сосема се сложувам за кодексот на облекување.
    Се знае како се оди во училиште.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.195
    Допаѓања:
    125.372
    Пол:
    Женски
    Пишува во мислењето. :D
    За тој час им е намената.
    Ај, мали деца и да ги остават да носат и на други часови. Но, како што растат мора да научат и што за каде е прикладно, а за каде не е.
    Инаку, постојат панталони и фармерки што држат топло во зима.
     
    На JoyJoy и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    22.156
    Пол:
    Женски
    Децата треба да можат слободно да се изразуваат а во исто време и да ги почитуваат законите за облекување на дадена институција.
    Значи во училиште не се оди гол, ти облечи си што сакаш но да биде долго.
    Има деца рокери, металци, рапери, како ќе се изразуваат они слободно ако баш мора да се стават теткини панталони.
    Мислам дека насекаде, во сите институции кодексот е да не влегуваш гол и на кратко, а не какви долги панталони ќе облечеш.
     
    На Tea loss му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Ја сум за кодекс на облекување, у смисла пристојно облекување за сите, од професори до деца, да се облекуваш културно.

    Сметам дека секој е способен и може својот стил на облекување да го изрази преку облека која те покрива. Знам јас у основно и средно као се носеа панталони со низок струк, што еве сеа се враќаат у мода, и газовите им виреа додека седеа, ни гаќите не им се гледаа, у комбинација со кроп топовите без прерамки шо им се мкнеа надоле, па им се гледаа плејбој пушапите одоздола. Кај машки за чудо вакви проблеми немаше, кхм.

    Али некој да менува личен опис како коса, па и нокти и шминка, у зависност од тоа дали е машко или женско, е тоа е дискриминација . Така да у тој поглед, у право се...

    Али пак се поставува прашањето, зашто родителите им дозволуваат на своите деца да носат нокти од пола метро и да се шминкаат како за на свадба, па и да се облакаат така, па уште поише и за на школо?

    И зашо сексуализацијата на сопствените ќерки е нормализирана и поттикната од истите? Али тоа е муабет за друга тема.
    А можда и не.

    Едит : Дали стварно, како жени, се чудите и буните зашто да не носеле хеланки и маички без ракави?!
     
    На JoyJoy, M.B., Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.