1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Маички не. Блузи со ракави.
    Ама шо им фали на хеланките?
     
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    На хеланките нишо не им фали, на мужите им фали. Ти си прва што цело време се жали од мањаци по улица.

    Не ти е страв ќерка ти така да иде у школо? Не знаеш некоја, или од сопствено искуство што ја штипкале или фаќале за газ ,, другарите,,, шо ги сликале и снимале, и им јаделе гомна за гради и задник дека им биле големи, или мали? Крави, шифоњери, и шо ти ја знам...
    А па да не праиме муабет за мањаците од учители и професори шо се лепат позади тебе на табла, или ти висат над глава за да ти зверат у газ, или цицки...

    Стварно се чудам понекад што треба на жени, у вукојебина ко нашата да објаснувам, најосновни ствари.
     
    На Mrs. right и andromedae им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Почитта кон институтциите и убавоо однесување односно бон-тон кој регулира многу аспекти на однесување се учи од дома.
    Нивото на споредба на глупости од типот крадење овошки со пристојно оденсување ти е смешен.
    За правилно облекување, исхрана, став кон училиште и работни навики се генерално родителите битни и нивните ставови и она што тие го прават во животот. Ако детето од мало не почне да учи што е правилно однесување во институции, во пубертет сигурно нема да научи. Ако не го научиш сега да го почитува училиштето, тешко дека после 10 години кога ќе почнат влијанијата на другарите и глупирањата да бидат побитни ќе можеш да допреш до нив. А после пубертет е прекасно (возрасен човек уште потешко менува навики, односно ако ос страт не знае како правилно да се однесува тешко после 18 дека ќе научи).

    Инаку без соодветна поддршка од родителите училиштата не можат мгноу да направат за образованието на децата. Проблемот е многу подлабок од облеката што се носи. Проблемот е во тоа што родителите не даваат никаква поддршка на училиштата и постојано го минираат значењето на образованието. Се правдаат отсуствас за децата да одат на скијање, одмори во Мај/Јуни, шетање и слично. Се омаловажуваат јавно наставници пред деца (како родителот све знае за образование, а тие ништо). Се пуштаат деца да се облекуваат непристојно од мали зашто нели школо е што има врска.
    Е потоа истите тие размазени деца не знаат како да се однесуваат, па работат оди дури и дотаму што се јавуваат родители наполнолетни лица на факултет да се бунат за правата на нивните деца (кои не се веќе деца).

    @Adidas888 ај размисли дали е културно и фино да влезеш во институција во тренерки и патики. Тренерки и патики се за парк и вежбање, евентуално за пазарење во маркет. За се друго се знае што е пристојно облекување.

    Видеово е баш приказ на денешниве родители: https://www.bing.com/ck/a?!&&p=3199...1dHViZS5jb20vd2F0Y2g_dj11MUI5clp5MGhLZw&ntb=1

    Слбоода на изразување не треба да значи правдање на секоја глупост на детето.
     
    На Mrs. right и nextredstyle им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.549
    Допаѓања:
    34.820
    Пол:
    Женски
    За да има почит кон образовната институција, истата треба да се заслужи. Исто така, институцијата треба да ги почитува учениците, а и да биде пример за истите. Меѓутоа, кај нас како обично се е изместено, па така се воведуваат правила, кои не се почитуваат од тие кои ги воведуваат истите.
    Смешно!!!
    Јас сум против униформирање од секаков вид!!!
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Де ма Гош, и шо треба да правиме ако има манијаци? Да не излегуваме од дома? Ќерките не ни се криви шо има манијаци. Ако некој се пали на хеланка, тој некој ќе се пали и кога ќе види големи цицки преку дебел џемпер.
    Шо мене ме мешаш, јас сигурно нема да престанам да носам фустани и хеланки оти има манијаци надвор. Мене ме имат манијачено и кога сум била облечена и во фармерки и јакни.
    Да има во некое училиште дрес код за забранети хеланки, мене тоа ми е црвено знаменце, знам дека од директор до чистач сите се манијаци и нема да го пуштам детето тамо да ми учи.
     
  6. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Не гледам проблем да се воведат униформи за сите, почнувајќи од деца до професори, ама брада, коса и нокти се дел од индентитетот што не се смее да биде забранет.
    Да, во институции има кодекс на облекување, ама никој до сега не ви забранил и не треба да ви забрани да влезете со долги нокти или со фарбана коса.

    Очигледно на некој многу му смета женското тело и слободното изразување, па дошле до тоа дека е добра идеа да ги имитираме Северна Кореа и Саудиска Арабија.

    На крај краева ако толку сакаат да градат некаков кодекс и систем, нека почнат да се занимаваат со најглавните и најсериозните проблеми како булинг, а не за обетките и фарбаните коси на учениците.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    И јас сум против Униформа, ама не сум против Дрес Код. Едно е почитување на Дрес Код, друго е униформирање. Дрес код ваќи за сите подеднакво. И може мене да ми сде допаѓа или не ама со почтиување на истиот покажувам почитување на институтции. Пример кај нас е забрането фармерки на работа и тесни. прозирни, кратки работи и слично. Може мене лично не ми се допаѓа ама одлуката е донесена заради непримерно облекување на некои. И проблемот е решен. И ќе почитувам зашто Кодот промовира пристојност. Пак има слобода во рамките на Кодот да искажам индивидуалност.
    @fbaby реши се сакаш индивидуалност или сакаш униформи?
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Натрупа све во постот и испомеша секакви работи. Не, не значи дека ако детето отишло во тренерки е распуштено од дома, не знае за здрава исхрана и сите други работи што ги додаде без врска.
    Да ги облекуваме од мали ако не во кошулчиња и костумчиња за понатаму да знаат накаде тераат во животот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Леле жено не ја сфаќаш поентата на постот. Еве да ти нацртам: основи на здрава исхрана. основи на облекување, основи на клутруно однесување и се останато од дома се учи. Читај убаво пред да се правиш паметна. Или не ти одговара да прифатиш нешто па сега ќе наоѓаш закачки во зборчиња место да коментираш суштина.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Не, не ми одговара да не се носат тренерки во школо, сметам дека е сосема бесмислено, заедно со косата, сметам дека апсолутно нема никаква врска со тоа дека ако носи тренерки, или машкото имало долга коса, тогаш нема да научи културно однесување, или основи на здрава исхрана. Ти тоа го кажуваш, а сметам дека едното со другото е сосема неповрзано и небулоза ми е да се стави сѐ во ист куп.
    Ти реплицирам на твоето напишано, ако мислиш дека е „закачка“, не ми реплицирај слободно.
     
  11. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Облеката може да се облече и соблече, ама не смее да се забранат лакирани нокти, должина на коса, фризура и брада.
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Аха ОК значи ако не се сложуваме со тоа што тебе не ти оедговара не треба да пишуваме.
    Зашто на форумот ако некој не се сложува со тебе не треба да пишува.
    Ама школите не смеат да пропишат правила. Тоа треба да е дозволено само на форуми.
     
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Види, културно или не, не секој има пари да се облекува како првата дама на државата. Вработените во институциите нормално оти треба да го следат тој кодекс, на пр судијата мора така да биде облечен за да е претставителен. Или луѓето од општината мора да бидат во панталони и кошули. Но зошто тоа треба и за обичниот народ што влегува тамо? Неможат сите да си дозволат така да се облекуваат, доволно е само да носат долго. Јас прв пат кога влегов во судница, отидов со фустан и не ме пуштија, ми рекоа мора било шо но долго да биде. Фино лепо отидов до првата продавница си купив тренерки и си влегов внатре без проблем.
    Неможеш луѓето да ги тераш да се облекуваат во незнам ти каква облека кога не е тоа изводливо. Не се сите од Ск па да имат 100 бутици па да бараат баш таква облека.
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Стварно никој дома нема едни панталони или сукња до под колена. Сите само тренерки имаат по дома. Како е тренерка поефтина од кошула и сукња? Или како се патики поефтини од кондури? Претерувате некогаш за да докажете поента. Со тренерките исто требало да се избркаат од суд, ама виделе со кого имаат работа па те пуштиле.
    @fbaby за коса и нокти се сложувам. нема потреба тоа да се регулира. Ама облека апсолутно треба да се регулира без унифромирање.
     
  15. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Абе сите имаме пар панталони и кошула, туку проблемот е што се осврнуваме само на тотално небитни работи.
    Имаме толку многу поважни и поголеми проблеми од прекршување кодекс на облекување, ама зошто некој да се мачи да најде решение за тие проблеми кога може да се занимава со ситници?
    Учениците организираат тепачки и насилство пред училиштата, ама ние ќе ги оправаме ноктите и хеланките пошто немаме капацитет за повеќе.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Уау, виделе со кој имаат работа. Па не сум само јас, и други влегуваат со тренерки, на влезот ми беше потенцирано било шо може да е само да е долго. Ти ако сакаш да те гледаат како се фрцкаш со газот каде и да влезеш, на некој не му е дојдено до тоа туку оди да си заврши работа.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Точно така. Ние сме народ со осуди и освен за осудување незнаеме за друго.
     
    На fbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    11.343
    Пол:
    Женски
    Добро ете нека не е униформа, нека е само дрес код, мене тоа не ми прави никаква разлика.
    Според мене не е вулгарно и непристојно девојче да дојде на настава со обични црни хеланки и блуза / дуксер.
    Јас лично повеќе сум осврната кон проблемот со насилството и булингот во училиштата отколку на дрес кодот.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Се треба да биде во фокус. Насилството секако дека треба да се реши ама тоа нема врска со дрес код. Тоа е сосема друг проблем.
     
  20. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Јас сум за пристојност во училиште. На времето кога би беше забрането куси маички шминка и нокти( пред 15 год) 4 девојчиња кои сакаа да се контрираат на правилата на училиштето (средно) се шминкаа ,носеа кратко сукњи итд,добија укор пред истерување. Не за џабе постои време и место како да се биде облечен и нашминкан. Униформата е супее решение. Класните разлики се всушност комлекси од родителите. Ако некое дете е скромно дај му шти сакаш,пак ќе е скромно. Ако некое дете е научено дај -на ти пак нема да е задоволно и родителите ќе се задолжуваат итд да му удоволат( брат ми)..