1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.322
    Допаѓања:
    11.762
    Пол:
    Женски
    Униформа треба да има така сите ќе бидат исти, никој нема да гледа и да дискриминира кој што носи, а сите знаеме дека денес то е ммогу присутно, ама да се замерва за коса, брада, пирс сепак тоа е индивидуален избор. Јас би била против и тие вештачки нокти, особено кај основците:) Али треба да има одреден кодекс и за наставниците
     
    На SummerGirl, nextredstyle и BlackNight им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Абе сеа ако идеме според тоа да треба да е екстра удобно, дај и по пижами нека дојдат ако не?
    И мора фармерки само стегнати? Колку модели има и на фармерки и на панталони со лежерен крој, во кои и удобно ти е и изгледаш прибрано. Тренерки се за на физичко тоест кога спортуваш.
    И хеланки оправдуваш да се носат во школо?
     
    На JoyJoy и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    А која е разликата во едукацијата измеѓу фармерки и тренерки?
    Јас иначе никогаш не носам тренерки за никаде, ама еве од логичен аспект ме интересира која е разликата и зошто се тренерки неприбрани?
     
    На Waverly Raven, theowndemon, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Не бе Енџи, не се работи за едукацијата, туку не иде, во образовна институција не доликува, не е претставително.
    Секако формално не може да очекуваш деца да се облакаат во школо и не треба ама пак, тренерките се знае за кај се. Униформи најубаво затоа.
     
    На JoyJoy и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Не им се даваат пари за униформи.
    Иначе пак ќе кажам, во моето школо се носеа и фармерки и панталони и хеланки, и ниеднаш не се случи да дојде некоја облечена како спонзоруша.
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Кроп топови и јас имам видено девојки да носат, конкретно братучетка ми знам дека носи и се согласувам дека не е баш пристојно.

    Јас мислам дека кога веќе е задолжително да се оди во школо и тоа долги периоди, сосема во ред е да се носат тренерки. Тоа се сепак малолетници, зошто да не им е удобно.
     
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.769
    [​IMG]

    Листа на дозволени фризури во овие три училишта.
     
    На Selena01, Waverly Raven, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    па дали доликува или не е измислено, секој дрес код е измислен и може да се менува. нема ништо погрешно деца да седат во удобна гардероба кога веќе се по цели денови во школо.
     
    На Waverly Raven, theowndemon и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Меркиве се еквивалент на тоа глувци да ти се шетаат низ куќата, а ти да си свиркаш и да си редиш вазни со цвеќиња.

    Не е ни за класните разлики, ни за пристојност, ни за почит кон институција. Едноставно сакаат да вратат назад некоја манифестација на моќ што ден по ден сè повеќе ја губат поради безредието што владее во училиштата. А ние тука дебатираме кој материјал на панталони е океј за во школо, и дали лакирани нокти се одлик на непочит. Глупости.
     
    На drugarka, Ajronmen, FriendOfDorothy и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Добро, ај следен дрес код нека сменат ете у пижами најудобно пошо е.

    Зашто уопште и постои дрес код не ми е јасно? :?: Секој секаде нека си иде како сака лабаво.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    123.977
    Пол:
    Женски
    Добро.
    Ај, ти оди во болничките соби и операциони сали во пижами или тренерки дека нели се поудобни од униформата...
    Но, не можеш. :D
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.981
    Допаѓања:
    55.004
    Пол:
    Женски
    Дрес код мора да постои во институција. Исто како и на работа и во било која сериозна институција. Има време и место за експериментирање, а тоа не е на училиште. Не можи никој да ме убеди дека кроп топи, облека која открива многу, јака шминка и фармерки искинати како кучиња да те фатиле се ок нашколо. Не само учениците, и персоналот не треба да иди како за на свадба. За тренерки нашколо сум генерално ок, не е непристојна облека а е удобна, сепак за деца се работи.

    Ние имавме униформи во средно, лично мене ми беше супер бидејќи не морав да мислам што да носам. :D
    Сметам дека убаво е да се има униформа во школо, ама не децата да си ја плаќаат туку школото.

    А тоа со коса, брада и слично е глупости, не може да го натераш некој тој дел од изгледот да си го менува ако не сака.
     
    На JoyJoy, ArabellaStarfall, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги коментариве јас мислам дека училиштатата немаат проблем со децата, туку со родителите.
    Ако тргнеме од тоа ај бе што се занесуваат, арна е тренерка, хеланка, голо меше, кратки панталони или сукња тогаш децата не се криви.
    Не можам да разберам зошто не прифаќаме дека некаде мора да се знае како се оди облечен.
    На работа како одиш ако си општ работник во панталони и блуза па униформа, или без униформа сеедно. Што не опнеш ти како родител пример за дете да доеш со голо меше? Или тренерки на раб. место? Или хеланка каде се ти е отцртано?
    Ако си администрација на др. начин е облекувањето итн итн.
    Мислам не прифаќате дека е училиште т.е институција и дека од секогаш има правила.
    Одма се фаќате има булинг, партиски вработени итн. Каква е поврзаноста со едното со другото?
     
    На Annath, JoyJoy, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Се реши све друго во образованието па сега до панталоните дојде.

    Ако почнат основците и средношколците да носат униформи УКИМ ќе влезе во топ 1000 универзитети и во исто време младите ќе престанат да се селат.

    Плус визи за прошетка во Северна Кореја гратис за сите.
     
    На sweet-cherry, staycalm, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека секој секаде треба да оди било како бидејќи тргнувам од себе и знам колку внимавам на изгледот. Ама опсесија со дрес код за деца е едноставно непотребно, нема причина и придобивка зошто да има толкава строгост за како ќе изгледаат дали 8 годишни дали 13 годишни дали 16 годишни деца. Особено затоа што фокусот пак најмногу паѓа на контрола на телата на девојчињата. :)
     
    Последна измена: 19 март 2024
    На joy1, RainBow, FriendOfDorothy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Malo mace

    Malo mace Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Униформа за сите ученици
    Како во Америка или некои други држави
    Тренерки,искинати фаремерки и ред др работи што не доликуваат за во школо нема потреба да се носи .
    Секоја облека има своја пригода каде тррба да биде носена.
    Како тоа во тренерки на школо да одиш,се знае тренерки на час по физичко итн.
    Само униформа и пристојни фризури за сите момчиња и девојчиња без лакирани нокти и со прикладна пудра на лице и малку римел
    А не некои пудри римели тушеви за очи,бронзери,ставање трепки итн тоа се не доликува за училиште...само природен изглед има место и време кога и каде треба да шминкаат фризури високи потпетици и др.
    Тоа е установа каде треба да учиш образоваш а не си дојден на модна писта .Подржувам да си среден ама не и со крптоп на школо..
    Униформа ...
     
    Последна измена: 19 март 2024
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто возрасни луѓе коа инсистираат на одреден начин на облекување и изглед (па и однесување) кај помладите едноставно ми мириса на многу комплекси?

    Дури малку creepy е.
    Уште покрипи е опседнатоста на некои возрасни жени околу тоа дали на тинејџерките им се отцртувале задникот и градите, и дали биле нашминкани.
    ВТФ?
     
    На Directioner005, drugarka, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Точно, повеќето е за девојчињата, за машките ставиле колку да се стави нешто.
    Можеле да напишат само да се носи поширока, комотна облека која го покрива телото.
    Инаку, фармерки на пример, денешниве повеќе се хеланки, односно џегингс, што демек фармерки облекле ако пак се цели затегнати и веројатно провокативни, ако на целото тоа се однесува ситуацијава.
     
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.769
    Тој однос од секогаш го имале повозрасните особи кон помладите. И порано, а и денес. Постојано се потенцира колку они (повозрасните) биле препаметни, превоспитани, високоморални, а денешниве млади се размазени, невоспитани детишта, правени од мочка. Јас тоа го препознавам и во муабетите за Југославија. Тогаш све чинеше, денес ништо не чини, ние ништо не знаеме. А кој тоа ги воспитал овие денешниве, размазениве, нас? Па овие кои ги/не критикуваат. Но овие кои плукаат по цела генерација, прстот не го вперуваат кон своите дома, само кон сите останати. Нивните дома се исклучок. Ако критиката е кон сопствените деца и внучиња, ќе признаат дека потфрлиле. Сите други не чинат освен своето. Доволно е фб да се отвори, каде мнозинството корисници се 40+, ќе се изначиташ секакви гадости од тие превоспитани генерации, со икончиња на профилите. Возрасни мажи и жени кои оправдуваат силување на млади девојки. Тука доаѓа тоа дека во нивно време они не шетале во 1 по полноќ така облечени, затоа ја силувале, си го барала. Јас лично најмногу лошотилак сум видел од возрасни особи. Средношколки се најмногу на тапет кај оваквите. Дури и правилава, едно 80% се однесуваат на девојки.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Комплекси? Човек бе, у слободно време како сакаат нека идат ама училиштето е институција!
    Па уште викаш и за однесувањето.. Онда нека немаат почит ни за училиштето, наставниците, врсниците, кон никого.

    Како убаво све си е тесно поврзано одно со друго ама упорно не се трудите да ја видите големата слика.

    Истите тие и на факс така идат на предавања и полагања, идните академски граѓани.. :|

    Вртете колку сакате, ама што не иде, не иде. А убаво спомна една членка, тој сенс се стекнува од мали нозе, после џабе е све, допрво да превоспитуваш веќе изградена личност, тешко.

    Еве ти дали кога би имал ќерка би ја пуштил у школо со хеланки и топ од оние за вежбање на пример и така да се шлае по ходници? Или со испокинати фармерки до препони? Батали луѓето какви се и кој што
    ќе рекол, туку дали е во ред?

    Више коа мешате баби и жаби и се правите дека не разбирате. :)

    Дотичните дека претерале со барањата, претерале но дека е потребен кодекс во училиште и те како е потребен. И воопшто не мислам дека тоа е престрого, заостанато, зумерски и сл. Ова треба да се подразбира дека така е и да им се всади на децата уште од најрана возраст.
    А за ова, не, не се реши но треба од некаде и од нешто да се почне и да не се застанува тука.
    Треба една огроооомна реформа и мењање од корен цело образование па да можеме да кажеме дека имаме вистински образовен систем.

    Или па идете според логикава, и онака ништо не чини, шо ќе ги замараме децата безпотребно со глупи правила?
     
    На Annath, Poppcornn и Amellie13 им се допаѓа ова.