1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    И на тинејџерки и на тинејџери и на возрасни жени и мажи. Ако постои кодекс за облекување и однесување во една институција, важи за сите. Ај ако не сите ко Цензори или Карлеуша нека се облекуваат, шо има везе.
    upload_2024-3-19_18-51-0.png
    Ништо нема за фарбани коси, шминки, бради и што-ти-јас знам...
     
    На Annath и JoyJoy им се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Прво и основно, институциите постојат за граѓанинот и од граѓанинот.

    Ако одиме во крајности, и баба Митра од село Мариово има право да влезе во највисока државна институција како на пример канцеларија на претседател и тоа во шамија и џемпер со гумени опинци - затоа што е факинг граѓанин на државава и државава е нејзина колку моја и твоја.

    А до толку крајности во школо немало. Претерувате. Тука муабетот 98% ви е дали е "срамота или не", и тоа според вашиот личен стандард.

    Така да, дури и да 'има дрескод', единствен услов за влез во државна институција би требало да е бањатост и миени заби.

    Во спротивно комотно можеш револуционерно да ја запалиш институцијата.

    А однесувањето и (не)почитувањето се работи што се учат од дома.
    И ако дома родителите го научиле детето дека треба да ги почитува сите, без разлика кои се и како се облекуваат - погоди што:

    - може и нема да постои "проблемов" :o

    Ептен контрадикротно прашање кое го содржи одговорот.
    Едино не треба да е во прашална форма, еве вака:
    "Батали луѓето какви се и кој што рекол, туку гледај дали ТЕБЕ ти е во ред, и прави според тоа"
    Wow, fixed the problem...

    Па сигурно не треба од хеланките да се почне лелееее.

    Се почиња од коренот на проблемот. Возрасните, системот...
    Се почиња од главата на рибата...
    Вака ако ги почнуваме решавањата на проблемите нема да сме 100 години зад Европа туку 200.

    Е не знам баш.
    Ама и така да е решлив проблем е.

    Прво, тинејџерките ако се облекуваат на одреден начин - значи не им смета.

    Второ, тинејџерите пак, сигурно не му дошло до хеланките на 13 годишно девојче од одделение коа он веќе 3 години гледа порничи, знае дека штркот не носи деца, знае дека дедо мраз не постои, и за 3 години има видено повеќе голи жени отколку татко му за цел живот.

    Трето, на маживе ако забележуваат и им смета тинејџерки во хеланки - комотно може да си уплатат психотерапија, или пак директно сами да си се пријават во Идризово.

    Четврто, на мажените жени ако им смета истото, не е проблемот ниту во нив ниту во тинејџерките - туку во третата точка што ја пишав.
    А на адолесцентки жени немажени ако им сметаат тинејџерките во хеланки може слободно да размислат која е причината.

    ПС на све...
    Секој може да има свое мислење и став за некоја работа.
    Моментот кога ќе почне да го наметнува на другите, и да го прави своето мислење најправедно - е моментот кога почнуваме да ги губиме сите вредности, човечност, еволуција, општество.

    Моментот кога ќе се мешаш во уникатноста на нечија личност - е моментот кога избираш да живееш во некое Религиозно Култистичко крајно комунистичко општество.
     
    Последна измена: 19 март 2024
    На Lella, EmporioIvankov и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    Еве ја вестта. Истото беше пренесено и на сител, во дневник.

    Во претставките се најавува дека пријавените дискриминатори имаат усвоено Куќни редови и Кодекси за однесување и надворешен изглед на учениците, во кои се пропишува дека е забрането да се носат: големи нокти, пирсеви, маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки панталони, кратки маици, искинати фармерки, тренерки и кратки сукњи. Дополнително, овие правила пропишуваат дека дозволена должина на сукњите е само до колена или под колена, а панталоните мора да бидат исклучиво долги.

    Воедно, овие правила пропишуваат дека секој ученик треба да внимава на својата фризура за време на наставата. Женските треба да имаат уредна и прибрана коса, машките не смеат да имаат долга коса, репче или брада.


    https://sdk.mk/index.php/neraskazha...i-pirsevi-ili-brada-utvrdena-diskriminatsija/
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.235
    Пол:
    Женски
    Ах бе, колку претерувате некад со либерализмот ваш не сте свесни. Било да е позитивно, било да е негативно, битно либерални да сте и не отстапувате, пошо вашето мора да е најправилно.
    Супер, терајте. Ќе се опраиме така инстантно.
    Сепак не треба правила никакви да има, нели правилата се направени за да се прекршат.
     
    На Poppcornn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Еве објасни ми како долгите нокти се пречка за едукација и непочит кон институција? Најсериозно ме интересира која е причината зошто е толку битно и е негативно.
     
    На FriendOfDorothy, joy1 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    Те поздрави Карлеуша со своето ,,најскандалозно,, појавување во суд
    За секој случај... земала и јакница
    upload_2024-3-19_20-7-28.png
    Ебате Карлеушата шо не им отишла по купаќи и чизми над колена, шо да кажам:D

    Што се фати за хеланките на тинејџерките ти си знаеш. Никој не рече да не носат, речено е да не носат на училиште. Во кафич, на спорт, на улица- таму им е слободно време, на училиште ете, не можело. No big deal.И стјуардесите на работа не смеат да носат сандали, и вработените во банка, и лаборанти не може да имаат долги нокти, и што знам кој уште што може и не може.
    Тие тинејџери се средношколци, утре ќе треба да се вработат - со комисија против дискриминација ли ќе се бунат, оти им рекле во канцеларија не може да ти се гледа газот ко ќе се наведнеш, па бил жена, маж или пингвин.
     
    Последна измена: 19 март 2024
    На JoyJoy, Poppcornn, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.863
    Пол:
    Женски
    Општеството ги прај социјалните норми. Алиштата се социјална норма (која постојано се менува). Сигурна сум дека и кога жени прв пат ставиле панталони ист муабет било - несоодветно, како маж, се знај жена како и кај треба, срамота, - додај по желба -.

    Нема шо тука за либералност и се прифаќање или не. Туку проста логика. Дека е срамота или несоодветно, базирано само на социјална норма, за мене не е доволно. Зошто? Социјалните норми се менуваат постојано. Од година во година има различни групирања и трендови меѓу младите од кои зависи стилот и себе експресијата. То не е ни поразлично кај возрасните, само шо не е толку видливо ама шо било соодветно пред 10-50-100-200 години и денес е небо и земја. Нокти, коса, пирс итн шо се покасно спомнати во текстот погоре, се дел од себе експресија. Тоа се работи шо ако ги забрани училиштето - го ограничва животот на детето ВОН таа установа. И е апсолутно дискриминација.

    Сега за тренерки, место да мислиме дека мора да се пратат одредени правила, ЈАС би ставила акцент на комфорт на децата. Покомотни тренерки/тренерка униформа, подобри клупи и столчиња итн. Апсолутно тренерка е покомотно од фармерка. "АмА фИзИчКо Е зА тО" - социјална норма. Ми треба суштински нешто зошто тренерка е лошо за да детето учи. Напротив, треба да создајме атмосфера детето поефективно да учи со то шо има комфортен и безбеден простор да го прај то. Не гледам поента да се утежни процесот на учење место да се олесни.

    Е сега за другите спецификации. Секогаш можи да бара установа да е облеката широка и покривна. Ама да важи и за професорите. И за крај, не можи да влијае на тоа дали дете иди на час или не. Оспорување на образование ради облека е дискриминација. Можат да прат работилници, да има други мерки кои ќе влијаат на воспитниот дел на установата, ама не можи и не смеј да ги исклучи од настава. Не само зошто образованието е задолжително, туку ради основното човеково право на достапно образование.
     
    На Lella, RainBow, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Поентата не е да се либерализира нешто.

    Поентата е секој да се гледа себе, дома, децата, фамилијата.

    Јас никаде не се изјаснив кој тип на облека сметам дека е прикладен за одредено место.
    Ама се што можам јас да направам - е да се облечам во склад со мојата замисла за дрескодот за одредено место и евентуално да пробам на моите деца да им влијаам во некои здрави рамки, пред се со мојот пример.
    И тука завршува мојата одговорност како полноправен член на општеството.
    Кај мене и кај моето семејство.

    Јас немам право да му го наметнувам моето мислење, став, стил на комшијата.

    Особена не можам да го наметнувам моето очекување ВО ОПШТЕСТВЕНА ИНСТИТУЦИЈА.

    А во моја приватна фирма можам да си поставам колку што сакам правила и какви што сакам, па кој сака нека работи.

    На крај краеви
    На темава најкомпетентни да размислуваат се родителите на деца на овие возрасти.

    И погодете што, родителот дома нека си поведе сметка за тоа како треба или не треба да му се облекува детето.
    И тоа е нивото на кое што треба да се работи на "случајов".
    На домашно ниво.

    Не сме ние останатите должни преку системот и институциите да ги "воспитуваме" децата шо имаат здрави, прави и живи родители.
    Нивна е одговорноста.

    Напротив, дрскост е да се мешам јас како некој да си го облекува синот и ќерката.

    Или па бидете похрабри, наместо институционално да се решава "проблемот облекување на тинејџери", отидете им директно на родителите на детето.
    И кажете му, а бе син ти влакната му се гледаат на колената и косата не му е кратко шишана, а ќерка ти многу и се познаваат атрибутите ако може пошироко да носи.

    Па после кој ќе преживее нека дојде нека пише тука како поминал.
     
    На theowndemon и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    Според тебе.
    Во реалниот свет, сеуште, не постои такво нешто како дискриминација заради себе-експресија. Дискриминација значи да си во понеповолна положба ради нешто што е дел од тебе, раса, пол, религија и останати јунејмит инхерентни карактеристики - пирсот и скинатите фармерки тоа не се. Да му забраниш на некој да носи верски симбол на училиште, па било тоа крст или шамија е дискриминација, пирсот и голите колена не се (освен ако нема регистрирано некоја нова верска / етничка заедница која ги има истиве за симбол).
    Училиштето и образованието е достапно ако се пресоблече, ете толку е просто.
     
    На Annath, JoyJoy, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.046
    Допаѓања:
    87.209
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека не сте влегле скоро во средниве училишта.
    Кроп топови ,испокинати фармерки каде цели нозе и газови се гледаат,машки во тренерки облечени ко на кауч дома фудбал да гледаат
    Апсолутно потребен е кодекс на облекување.
    Имам дете во средно медицинско училиште.
    Има ученици кои Униформи не сакаат да носат, а задолжителни им се.
    Не сакале униформа медицинска да носат,бре богати,не сакале.
    Не го примам на час,па нека не сака.
    Нормално родителите се одговорни за тоа,зошто ќутат.
    Тоа што омладина има потреба во се нешто да крши норми или да ствара нови треба да се запраша што проблем има .
     
    На Annath, Poppcornn, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    20.906
    Пол:
    Женски
    Тоа е пропуст на училиштето. Како тоа не сака да носи униформа? Или униформа или нема влегување во училиште. А ако изостанува, неоправдан.
    Многу едноставно.
    Ама нас полесно ни е децата да ги кривиме.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.046
    Допаѓања:
    87.209
    Пол:
    Женски
    Не е .
    Прво ги повикаа родителите,потоа не ги пуштаа без униформа.
    Ама средно е кај нас задолжително.
    До крај на година ке се молат со овие што бунтуваат.
    Збеслуци тоа е .
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    20.906
    Пол:
    Женски
    Па арно им направиле шо не ги пуштале. Сега и родителите нека се ангажираат. Ако не, неоправдани. Ученикот дошол во непристојно издание, не го почитувал законот на училиштето. И те како може да му забранат да влезе, ама ако тоа е пишано правило. А ако не е пишано, и сигурно не е пишано во вашето училиште, тогаш ќе си играат мајтап децата.
     
    На Mrs. right, st-el и Cosmi им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.863
    Пол:
    Женски
    Правото на образование е човеково право. Ограничување е прекршување на то право. Буквално толку. Не е детето вработен и да можи отказ да дај. Му "следува" образование.
     
    На staycalm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.046
    Допаѓања:
    87.209
    Пол:
    Женски
    Ограничување е прекршување на тоа човеково право?
    А ако сака гол/гола да дојде исто така му го ограничуваш правото?!
    Покрај правото си има и обврски и прописи.
     
    На Amellie13, Mrs. right, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    Сега дискриминација дефинираме или човекови права?
    Буквално никакво право не му е ускратено и никако не се дискриминирани. Оти пирс и тренерки не се инхерентни карактеристики на личност.
     
    На JoyJoy и st-el им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.235
    Пол:
    Женски
    За какви нокти се работи?

    Долги
    30c61e45b2c1b3435d18cafa2bef50de.jpg
    Долги
    169156524391261f9d9863784252d872d570a4010c_thumbnail_720x.jpg
    И долги
    daa2451533a91f0e0a8c490964d6fb08.jpg

    Има разлика нели? :)

    И пречат да. Особено третите.

    За нормални нокти со нормална должина сигурно нема да се бунам дека проблем биле.
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Ај сеа признај дека немаш видено ама баш никој да носи нокти во школо како третите. :D
     
    На EmporioIvankov и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.863
    Пол:
    Женски
    Ако не смеј да присуствува на настава - ускратено е. Не дека носи пирс, дека не смеј да присуствува на настава.
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.235
    Пол:
    Женски
    Да, неам ама ја неам видено. Од кај знаеш дека немало?

    А како вторите? :?:

    Иначе пример морав да постирам пошо кажа за должина на ноктите нели и да разграничиме што е дозволиво што не.
    Не знам за какви нокти ти мислеше.
    Реков, за нормална должина, ок е.

    Абе, толку ли е тешко да се сложите дека одредени работи се едноставно too much за во воспитно - образовна установа? :(