1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.982
    Допаѓања:
    123.895
    Пол:
    Женски
    Ова не значи баш тоа што мислиш.
    @Biljarkata
    И во право сте и не сте во право. :D
    Уставните одредби не се детални. Уставот генерално се држи до она што го спомна Биља.
    За правото на образование.
    Право кое не е детално прецизирано во Уставот. Уставот за образованието во член 44 вели дека е достапно за сите под еднакви услови, наведени во член 9. Едноставно, вели дека сите кои имаат желба да го збогатуваат своето знаење на сите нивоа на образование, можат да го направат тоа под тие еднакви услови (општа одредба).
    Она што не е допрецизирано во Уставот се одредува со законите-неговите помошници. Институции одредуваат дали тие закони се во согласност или се косат со Уставот.
    За образовните институции.
    Образовните институции се институции чија цел е да ги подготват индивидуите за понатамошно функционирање во општеството. Нивната работа се утврдува со закони (посебен за секое ниво).
    Тие имаат правила како се организира нивната работа. Се разбира, со права и ограничувања.
    Тие можат да постават забрани, но забраните треба да имаат оправдана цел.
    Комисијата тврди дека училиштата не дале оправдана цел. Според последната вест, училиштата извршиле измени на одредбите.
    Значи, училиштата да имале образложено во правилниците зошто го бараат ова, Комисијата немаше да го смета потегов за проблематичен.
    Штом направија измени, нема потреба да се продолжи со напади кон нив.
    Кој е 100% во право?
    Никој.
    Училиштата веројатно направиле пропуст со немање образложение со оправдана цел. Но, тие дале предупредување, не почнале веднаш да бркаат.
    И не двоеле по основите во член 9. Значи, тврдењето на Комисијата е климаво и за посигурно треба да решава некој над неа.
    Ни се допаѓа или не, не можеме да се облекуваме исто во формална и неформална средина. За изгледот треба да сме послободни, но и тоа во некои околности не може да биде по наше.
    Ај, хирург нека оди да оперира со пуштена долга коса и брада, и облечен во пижами или тренерки. Оти тоа го сака и му треба комотност. Но, не може. Нели?
    Еден врти лево, друг врти десно. Но...
    Образовните институции нè учат за правила. Ние треба да ги почитуваме и нив и правилата со кои се среќаваме во текот на животот.
    Е, сега некој ќе рече дека почитта треба да е обострана. Точно дека треба, но понекогаш прво треба да покажеш или да дадеш почит за да добиеш почит.
    Образовните институции не се како нашите домови. Не се како кафулињата, клубовите, парковите итн.
    Во различни сфери се. И ние треба да се однесуваме според тоа.
     
    На Feminka22, Cosmi и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    На кој јазик зборуваме?
    Значи Демон, нема да ја пуштат да влезе во гимназија во Прилеп по хеланки и тренерки. Не затоа што има плави очи, не затоа што е женско, не затоа што е македонка или битолчанка, туку ради тренерките. Ќе оди дома да се пресоблече, ќе дојде на втор час во фармерки, пантолони, и ќе учи. И од утре ќе знае како треба, ако досега не знаела.
    Аман цела трагедија се напраи од тоа дека децата заборавиле или никогаш не научиле што значи да си пристојно облечен, или соодветно облечен за во соодветна установа (образовна, административна, судска, итн итн). Во кафич може да не те пуштат по тренерки, ама на училиште уставно право(facepalm). Нема такво уставно право, освен можда во општина Аеродром:D.
     
    На BlackNight, Feminka22 и andromedae им се допаѓа ова.
  3. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    861
    Знаете дека тангите им се прозираат низ хеланките на среднишколки? Машките со растресени јајца у тренерки шетаат?
    Се знае како треба во образовна установа. Ама родителите некако не се замараат за тоа како нивните деца излегуваат од дома. Премногу е дозволено од страна на родителите. У наше време пред школо ја повторувавме лекцијата за испрашување, сега веѓи се цртаат.
     
    На Gosh, Feminka22 и Malo mace им се допаѓа ова.
  4. Tea loss

    Tea loss Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    22
    Уред е пример да не одат во минич или бермуди и маринки, секаде во светот има кодекс на облекување ама до толку како што читав со фарбани коси или пирсинзи или тетоважи тоа нема врска, личноста треба да си биде тоа што е и тоа што се осеќа ако сака сина ќе е офарбана и со тетоважа на чело, тоа само ја зголемува дискриминацијата кај поразличните деца кои имаат други вкусови, и така пак се вртиме во вртолог и доаѓаме опет до булинг.

    А медицинското училиште Јане Сандански е катастрофа тоа нашло да задава ред кај децата, професорите вреѓаат и прво тие немаат кодекс во однесување и облекување..
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    Пошто се фати за ноктите- ноктите имаат врска со типот на училиште и идната професија. Мислев дека е општо познат факт дека не може да работиш медицински, кулинарски и слични професии со долги нокти ама ете ,,демократизацијата,, го избришала тој факт. Па после ќе читаме вакви сензационални научни студии од завчера https://www.nailsmag.com/391346/long-nails-and-nursing-dont-mix .
    Да долги нокти се потешки за дезинфицирање и резервоар на бактерии. И во некои професии се ноу ноу.
     
    На Feminka22 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Убаво прашаа.... значи ако оди детето голо, ко од мајка родено на училиште, мора да се прими на час, јер дискриминација и ускратување права за образование?
     
    На Gosh, Annath, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tea loss

    Tea loss Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    22
    Незнам со кој памет сексуализираш тело на 9 годишно девојче? Можеби нема друго кроп топот и е од црвен крст, ало луѓе во Мк живееме.

    Е ова ти е више сексизам, жената ако сака и гола ќе оде никој нема право да ја допре бе
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.863
    Пол:
    Женски
    Работи вадени од контекст за драматичен ефект игнорирам пошто се без цел. Оти ако некој се движи гол кај било, има друга процедура за да се види зошто. А сега еве размисли ти, зошто поинаку се пристапва ако некој оди негде гол, па чак и во училиште. Не мора да ми кажиш заклучокот.

    @nextredstyle @Biljarkata не можам поќе од една проширена реченица да прочитам ради ✨мигрена✨ али при наредна прилика ќе прочитам. Вас не ве игнорирам. :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    24.255
    Пол:
    Машки
    Јас мислам овие што трубат дека не е никаква дискриминација, треба да ги вработат во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па на крај ќе испадне во земјава нештото наречено дискриминација не постои и комисијата ќе се самораспушти. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Реков кога ја зимам ќерката која е 4то одд, не реков дете од 4 одд носи такво нешто.
    Читај убаво, и тумачи како што е напишано. А не како тебе ти одговара.
    Башка сум нагласила 9то одделенки, а не 9 години.
     
    Последна измена: 20 март 2024
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Постои Фармерка и фармерка:

    upload_2024-3-20_11-25-39.png
    Постои хеланка и хеланка:
    upload_2024-3-20_11-26-26.png

    Или па машко да оди во фармерки што ќе му се оцртува се:
    upload_2024-3-20_11-29-34.png
    Или пример со раскопчана кошула
    upload_2024-3-20_11-31-59.png

    Не бива, нели....
    Треба да се знае што е пристојно, а што не е и кај машки и кај женски. Надвор нека си се модерисуваат, ама на училиште треба да си се има некоја пристојност, тоа ги учи во иднина на дрес кодови, бон тон.

    Си постои облека пристојна за сечиј стил и вкус. Рокер може да биде рокерски облечен и пристојно и непристојно, пример... чисто онака.

    Мада мене ми се допаѓа концептот на униформи задолжителни, искрено.
     
    На Gosh, Annath, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.982
    Допаѓања:
    123.895
    Пол:
    Женски
    Некои се бунат за униформите дека се џабе оти не ги бришат сите разлики. :D
    Сепак, бришат една и тоа битна.
    Децата не можат да си префрлаат едни на други поради облеката.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Kaj ќерка ми има на училиште униформи. Преубави се сите дечиња, искрено, кога ќе ги видиш така заедно, сите исти. Поголемите за жал не носат, ама тоа е затоа што директорот не е доволно строг по тоа прашање, само на маливе можат да им наредат :D
     
    На Annath, Poppcornn и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    24.255
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека не си сериозна со сликава :rofl:
     
    На FriendOfDorothy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Искрено не разбирам зошто ми го кажуваш ова.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.046
    Допаѓања:
    87.209
    Пол:
    Женски
    Кроп топ со тенки прерамки или без е “одење гол во училиште”
    Таква облека не е соодветна за училишта па до утре да има бунт за диксриминации или не знам што.
     
    На Gosh, Feminka22, Malo mace и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.669
    Допаѓања:
    177.158
    Пошто праша каква пречка биле нокти за едукација и ти дадоа не-одговор. Зависи што учат и што имаат за настава. Ако учат за лаборанти, работат со епрувети, имаат практична настава по хемија - се практична пречка.
     
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.235
    Пол:
    Женски
    Она праша дали сум видела такви ултра долги вештерски нокти да носел некој и вистина, не сум видела.

    Нокти со уредна должина и изглед се во ред стварно но сепак убаво кажа, има стручни школи во кои дури ни тие (гелови, лакови, типсови и сл.) не би требало да се дозволени поради повеќе причини.
    Зависи секако од видот и типот на школото.

    Не, упорно не сфаќаат дека школо е школо, а не модна ревија.
     
    На Gosh, Annath, Musicallinmylife и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
    Сори за оф топик ама на тој што му се оцртува све до него е, не до фармерката, извини вака :tmi::rofl:
    Овој освен вреќа, во све друго ќе ќе му се оцртува.
     
    На Adidas888 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Добро да, тоа се подразбира и не мора да се спомне. Во гимназија ништо од тоа не се прави.