1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Исто и за девојчињата, шо и да облече џабе е ако има голема млекара на неа. И по скалите да се симнува ќе има земјотрес и ќе се гледа :D.
     
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.769
    Фармерката е баш класична, типот е обдарен и има ерекција. А и ова во Македонија не го гледаш кога е величина во прашање, смока е просекот, надвор од тема малку.:D Ако имаше овакви во средно, ќе го сакав средното.:rofl:
     
    На staycalm и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: умрев бре крај :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.906
    Допаѓања:
    26.030
    Знаете колку други битни одлуки има донесено кзсд?

    На темава, претседателот на кзсд е алтернативец, се пронашол во предметот. :)

    Ја ценам многу работата на Комисија и знам лично колку се посветени, ама фино е да има униформи. Без униформи на друго ниво е дискриминацијата
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.906
    Допаѓања:
    26.030
    Млекара?? Сериозно?
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    Да, да, сериозно, оти така тука ги гледаат девојчињата со големи гради. Или како викаат, со цицките на изволте.
    Епа, девојче со големи гради шо и да облече ќе и се познаваат. Имав таква школска шо никогаш не дојде на час непристојно облечена, секогаш на блуза на кратки ракави или долги беше. И пак го вознемируваа девојчето кога ги симнуваше скалите или кога ќе се затрчаше.
    Поентата ми е ние сме такво осудувачко просто општество, да не заборавам и патријахално, каде шо шо трн во очи ни се жените. Срамота ова, срамота она. Ајде бе.
    И не се ни девојчињата ни машките криви шо одат така на часови. Школите се криви шо им дозволуваат, исто и родителите. На дете ако му дозволиш и на глава ќе ти се качи.
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.932
    Пол:
    Женски
    Се знае шо се носи у школо шо не. Кај нас бркаа ако бевме со долги нокти, тренерки, нападна шминка. За сукња да не зборам. Не ни даваа да влеземе.
    Е сеа тоа долга коса кратка коса, брада, ми е без везе. Ама за пирсање и слични работи исто поддржувам. У школо се иде да се научи нешто, не да се промовира личен стил
     
    На Malo mace, JoyJoy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.032
    Пол:
    Женски
    Еве дека не се само во Македонија училиштата со дрес код.
    Повелете Америка земјата на слободата:
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ома објаснето кога е ОК, кога не е ОК.
    Ама тука се пишува само за да се напише и да се каже нешто и да се брани став кој не промовира почитување кон институцијата училиште.


    Униформа не е решение. Затоа што униформа поттикнува поделби, не ги руши. Поттикнува затоа што првичната намера на Униформите е да покажат класни разлики (да се покаже кој е елита а кој не е во Британија). На појавно ниво се решава кодот на облекување ама децата не се учат да донесуваат правилни одлуки во врска во облекувањето и пристојноста туку се принудуваат да изгледаат исто во рамките на школото барем во блузата и панталоните. Е сега двоењето на денешницава кај децата е по патики, телефони, ранци и слично. Не е до облеката.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски
    Во Аеродром се носат униформи, со години и се инсистира да ги носат.
     
    На Feminka22 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.932
    Пол:
    Женски
    Баш е практично униформа. Јас секое сабајле губам време на ,,што да носам денес” вака со униформа, пери-носи
     
  11. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    6.361
    Пол:
    Женски
    Кога имавме совет на родители,баш прашаа за долги нокти зошто не.И рекоа еве пример:имало повреда на физичко со нокт во око и дека осигурањето такви повреди не покривало.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Сметам дека нема ништо дискриминирачки во дадените правила. Доста правите снегулки од децата. Се знае што е училиште. Воспитно образовна институција, а не:
    - кејот на Вардар, каде што ќе носиш тренерки за трчање,
    -не е дискотека или кафана, каде што ќе носиш сукња,
    -не е маалски кафич каде што ќе носиш искинати фармерки.

    Исто и за ноктите. На што личи основци и средношколци со долги нокти. Минимален француски маникир е соодветно за таа возраст. Пирсови исто така, за мене, не се прифатливи кај деца. Можеби само би оспорила долгата коса кај машките. Марко Чаласан имаше долга коса во репче, а е генијалец.

    Треба и во секоја сериозна институција да има кодекс на облекување, не само училиштата.

    Јас сум за воведување на униформи. Сите да бидат исти и да нема дискриминација меѓу децата врз база на тоа кој што носи.

    Кога ќе ми текне во основно, пари имаа тие што купуваа од фард. И ги мислевме за богати и супериорни. Истото е и сега со овие деца. Треба да се почитуваат врз база на тоа што се, а не последната мода или која ќе направи пошпицасти и подолги нокти.
     
    На Feminka22, Poppcornn и Malo mace им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.259
    Допаѓања:
    163.213
    Пол:
    Женски
    Разбирам другото шо си пишала ама ќе коментирам за ова. Хирург има обврска кон животот на пациентот да носи заштитна опрема. Се работи за живот. Како тренерките го оспоруваат учењето на детето?

    За ноктите сте коментирале дека зависно од смерот. Еве тие кои беа сестри смер дур учев, нокти им менваше и нормално да има нешто околу тоа како правило. Сепак си го избрала смерот претходно. Ама во гимназија и тешко дека менва нокти. А и да бидиме искрени карди би должина и не се наоѓа негде.

    Јас уствари, тука треба да се преселам. Батали Битола и Кисела Вода. Срцето Аеродром ми е. ]:) :D
     
    На Angie1432 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    123.977
    Пол:
    Женски
    Хирургот и како вработено лице во болницата треба да биде препознатлив. Униформата и заштитната опрема се показатели дека припаѓа таму. Хирургот знае дека треба да изгледа претставително, па одржува и уреден изглед.
    Тој со овие покажува почит кон работното место, но и им сигнализира на пациентите дека тој е човекот кој им е потребен.
    Истите луѓе во друга средина можат да му веруваат за друго дури и тој да има неуреден изглед и да носи комотна облека.
    Но, во болница кој би му верувал на таков?
    Никој.
    За ноктите се согласувам. Да се одредува според смерот.
    За тренерките.
    Јас не се осврнувам на учењето, туку на имањето почит и препознатливост.
    Во едно од претходните мислења кажав дека е ок да им се дозволува на помали деца на сите часови да носат тренерки.
    Но, како што растат, мора и да развиваат сенс што за каде е соодветно, а за каде не е. И да учат што значи формална средина и соодветно облекување и однесување во неа.
    Веќе доволно попуштање е тоа што во некои образовни институции се одредени фармерките како прифатливи и не се бара од учениците да носат униформи или не се бараат целосни (туку само горен дел што треба да се комбинира со фармерки). Ете, некаде се бара да носат целосни униформи што се како одела. Па, кога некои веќе прифатиле да одат такви, смешно е други да се бунат за нешто помало.
    Постојат повеќе видови на фармерки (некои се поудобни од други во зависност од материјалот, кројот и еластичноста) и спорењето за комотноста во нив паѓа во вода. :D
    Фармерките се прифатливи и за некои бизниси.
    Тренерките се комотна облека наменета за релаксирачки активности и за спортување. Не оддаваат сериозност.
    Па и за професионално спортување не се прифатливи. Професионалците за време на натпреварите мора да го носат она што е одредено.
    Учениците со тоа што се запишани и учат во образовната институција, се дел од неа.
    Поради тоа, тие треба да изгледаат и да делуваат пристојно и претставително. Да бидат препознатливи.
    Со тоа тие покажуваат почит кон неа и им сигнализираат на другите за што се подготвуваат.
    Да се вратам на хирургот. Ако тој како ученик и студент се држи до правилата за изглед и облекување, нема да му биде проблем да се држи и до истите правила на неговото работно место.
     
    На Malo mace му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.932
    Пол:
    Женски
    Пошо оправдувате сѐ и сешто. Затоа се шетаат ко кловнови и деца и возрасни. Мора да сфатите кај шо се носи не знам како да ви се објасни. Не може у школо, на суд, на театар да се иде со тренерки, со искинати фармерки, полуголи. Не ја глејте вие Америка, Америка ако ви е репер за морал и за како треба, го ебавме ежот. Мора да се знае кај шо се носи, и затоа постои ДРЕС КОД. У една странска држава, да не зборам сеа на долго и широко, една колешка ќе ја отстранеа, затоа што беше несоодветно облечена иако имаше и дрес код наведено. Ама само кај нас ќе се тужат за тоа.. и ќе идат после на судење или у театар ко од Вардар исфрлени. По дома и по кафичи нека одат и голи ако сакаат. Кај шо има правила мора да се почитуваат.
    Иам колешки шо идат со миничи на факс, и ГРОЗНИ се како да ви кажам. На ништо не личи.
     
    На Gosh, Poppcornn, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    Со правата што ги имаме како единки во општеството, имаме и обврски спрема тоа општество. Од најмало до најстаро. Ако училиштето има дрес код или е униформа задолжителна, која сум јас да го оспорувам тоа. Се знае како се оди во училиште, пристојно облечен. Стилот може да се изразува во слободно време, училиштата не се модни писти.
    Ама тука родителите се виновни, премногу дозволуваат. Граници треба да има.

    Сум видела, не знаеш колку. Работев во ординација каде што имавме и ортодонт, еден куп средношколки што доаѓаа таму за фиксни апарати и на контроли беа со огромни нокти, како вториот пример особено, секој месец различни, ама долги, предолги, сигурно не ги вадат за во училиште. А повеќето во средно медицинско учат. Кратки и пристојни нокти никому не пречат, долгите се и потенцијална опасност.
     
    На Gosh, Manako2, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.986
    Допаѓања:
    123.977
    Пол:
    Женски
    Сум видела и јас на другарки на внуциве.
    Предолги нокти треба да бидат забранети на некои смерови.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    48.932
    Пол:
    Женски
    Било кај*
    Колешка моја од толкави нокти, не моеше проект да искуца. По две типки фаќаше, и цел ден, пиши-бриши. Цел ден
     
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    26.867
    Шо ви се толку убави тие нокти јас не знам. Поевтина ствар од тоа канџи да имаш немам видено.
     
    На SummerGirl, Amellie13, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.509
    Допаѓања:
    24.419
    Пол:
    Машки
    Фетиш ви е изгледа да контролирате кој што носи, кој како се однесува, кој како да изгледа. Тажно.
     
    На theowndemon и fbaby им се допаѓа ова.