КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Е сега како. Ко учи дома по тренерки слабо му иде. Сигурно е расеано и му се спие. Друго е ко ќе си облече панталони со кошула. Одма се впива повеќе знаењето. Се покажува почит кон предметот што се учи, особено бонус за елегантни чевли.
     
    На FriendOfDorothy, Waverly Raven, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    7.262
    А пропо темава, во Миравци, некоја сељанчура која ја назначиле како директор од партија, му го одврзала репчето на некој малолетник, му ја влечела косата по должина и му рекла:
    - Не си ти девојче да доаѓаш со реп. Утре да дојдеш среден на училиште.

    Булинг сељанчурата која никад не слушнала за мажи со подолги коси како Златан Ибрахимовиќ, Бекам, Џејсон Момоа (можно е Аца Лукас да ѝ е познат), ѝ се јавила на мајката и ѝ рекла - дали ти се допаѓа како изгледа твоето дете?

    Во случајот се вклучија многу институции, од народен правобранител до Министерство за образование, инспекции, градоначалник. Шеесет дена е рокот училиштето да ги смени интерните акти, односно кодексот. Поточно треба да се избрише спорната точка 12 за фризурите.

    Значи овде не збориме за долги нокти, миничи, ,,спорните" тренерки (омг), туку за фризури. Не знам дали женски со кратки коси се исто спорни, пошто се како машки според логиката на булинг сељанчурата.

    Спорната фризура:

    [​IMG]


    Јас во средно имав виолетова коса (требаше тегет), бев Зорица Брунслиќ пред Зорица, да бев денес во Миравци, ќе ме фарбаше у црно директорката кај неа у кабинет, во 2025-та.
     
    На theowndemon, Mumoftwo30, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Џабе пишуваш, народот е на страна на директорката.
     
    На Mumoftwo30, Waverly Raven, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    13.104
    Пол:
    Женски
    Во кој век живеат луѓево? :o За најобична коса вакво малтретирање? А тоа што еден куп жени имаат “машки” фризури? Ќе оди и нив да ги тегне дека не се мажи, дека мора да пуштаат долги коси?
    Не знам што да кажам веќе, страшно заостанато!
     
    На Adidas888, SummerGirl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    7.262
    Народот:
    [​IMG]
    Рецепт за успех: скратете ја косата.
     
    На Mumoftwo30 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    13.104
    Пол:
    Женски
    Народот да ја скрати простоќата, ама пошто немаат капацитет за тоа, си ја кратат косата.
     
    На staycalm, Mumoftwo30 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    15.552
    Пол:
    Женски
    Не го следам конкретниов случај, ама последниве години баш гледам некоја поголема слобода која се допушта на децата. И дали е ова добро или не, границата е сепак тенка. Баш би сакала да се слушне и другата страна (ако уште нема излезено некаков став, а ако има дајте некаков линк).

    Кај нас сѐ до средно (и понатака, секако) се замеруваше несоодветно облекување: хеланки, кратки панталони т.е шорцеви, маици на прерамки, проѕирни блузи, изразено деколте, кроп топ итн. и за истите биле соодветно исклучувани. Сосема коректно, зашто сепак треба да се почитува одреден дрес код. За нокти уште тогаш правеа, замеруваа генерално за должината зашто некои имаа екстремно долги. А патем и самата имам изедено нокт под кожата на веѓата од ненамерно вртење на школска во основно. И сега замислете да беше нешто покатастрофално, знаете до што доаѓа? Не само плачки, него апла и со право вмешување на родителите. Споредбава чисто ја направив зашто често гледам средношколки со кроп топ. За хеланките да не коментирам и проѕирниот долен веш. Фали срам и некое просечно ниво на свесност.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Машки
    Мене во оваа држава веќе ништо не ме чуди.

    Ако се сеќавате, во с. Тимјаник се протесираше против отворање на дом за деца со попреченост во селото! :fubar:

    A бумерите и џен икс нека ме поштедат од филозофиите “во мое време” оти ради нивните фрустрации сите помлади генерации сме ментално осакатени.
     
    На Adidas888, staycalm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.