1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кавадарци

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Mygirl, 24 ноември 2011.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Мислам дека заслужува тема моето мало, но убаво гратче :)

    Центарот на Кавадарци и градскиот плоштад:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Градски парк Кавадарци(многу малку слики најдов од паркот, поубав е во живо):
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]

    Тиквешко езеро:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Градскиот кеј на реката Луда Мара:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Тиквешки гроздобер:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.jpg
      Untitled.jpg
      Големина на фајлот:
      181,3 KB
      Прегледи:
      1.180
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Инаку, последната слика од претходниот пост е од градскиот парк. Сакав да ставам и слики од кафулиња, но не најдов на нет. Исто така, не најдов слики од новиот плоштад :tmi: Па, го повикувам JoxyTheFreak да додаде некои фотографии, доколку ги има :) Зошто си од Кавадарци, и зошто сакаш да фотографираш, па се надевам имаш по некоја фотка од нашево гратче.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Ах Кавадарци! :inlove: Не ми е роден град,ама го чувствувам како таков!

    Толку роднини имам таму..

    Живеев 7 години таму,таму израснав,и само што не почнав школо,се преселив во Скопје .
    Е многу ми фали искрено на моменти :( Сеуште одам понекогаш,но не многу често :(

    За градчето,да го сакам се повеќе и повеќе,порано не ми фаќаше окце,не ми беше средено баш добро..ама како што одам последниве пати гледам голем напредок и многу убаво средиле повеќе места,улици,посебно Плоштадот :clap:

    Е криво ми е што не бев на Тиквешкиот гроздобер,планирав ама ништо не испадна :(

    12те,или 13те деца :D како се викаше тоа место,ах преубаво колку е само!! Секој пат кога одам накај Кавадарци,нема шанси да не пројдам и до таму :) Како малечка знам си трчкав таму и сликав жапчиња :D

    Ах едвај чекам пак да одам :l:

    Позз до сите кавадарчани :hai:
     
    На Janina, WhiteButterFly5 и Mygirl им се допаѓа ова.
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Не можев да најдам слики од 12-те деца, а баш сакав да ставам. :(
     
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Ех Кавадарци. :inlove: Tamo gde ljubav pocinje
    Најпосетениот град од цела Македонија. Мојот втор дом.
    Ми се допаѓа чаршијата, плоштадот, кејот, паркот, ѓевречињата, слатките од Палма, сендвичите од Мерлин и народот кој живее таму. Дијалектот е посебен и сум во фаза на 'усовршување' на истиот.
    За доста кратко време градот доби нов изглед. :up: :clap:
    Имам замерка една.
    Највредното нешто не е доволно искористено - паркот. Не знам дали ги поправија светилките, но Костурницата вреди навечер да се посети.
    Имам една слика од 12те деца, но пред 3 год., за жал.


    За 12те деца најдов нешто.
    На денешен ден, 16 јуни 1943 година во кавадаречкото с.Ваташа бугарските окупаторски војници стрелаа 12-те млади Македонци од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна "Ми заплакало селото Ваташа".

    Во летото 1943 година, кога по низа успешни акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, “Добри Даскаловви и “Сава Михајлов”, со своите удари врз окупаторската полиција, војската и контрачетниците, партизаните ја придобија љубовта на својот народ, окупаторот, со три полка бугарска војска и јаки одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, командант на 56.п.полк, во времето од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива заради уништување на партизаните.

    Бидејќи не успеа да ги разбие или уништи партизаните, се нафрла на мирното население. Ѕверствата што тогаш ги изврши бугарскиот окупатор во Тиквешијата се споредувани со оние што германската фашистичка војска ги вршела во окупираните територии. Во оваа окупаторска казнена експедиција се стрелани или на друг свиреп начин убиени околу 80 цивилни лица. Кулминација на овие погроми над цивилното население во овој крај е масовното стрелање во Ваташа. На 16 јуни 1943 година, на роденденот на бугарскиот престолонаследник, на најѕверски начин се убиени 12 младинци од Ваташа,меѓу кои деца и ученици од 14 до 16 години. По приведувањето, наводно заради сослушување,тие неколку часа се изложени на бескрупулозна тортура, а потоа над селото стрелани со митралез и потоа одново бодени со ножеви, на некои им се бодени очите, на други им е разбиена главата. Во исто време, во Кавадарци се стрелани 5 лица, меѓу кои две жени на 50 години - Рајна Соколова и Фруса Чедомирова. Во Неготино се стрелани 4 лица.

    Споменикот беше откриен на 11 октомври 1961 година во спомен на денот кога 12 младинци биле свирепо убиени од бугарскиот окупатор во месноста Чаир во Моклиште, 12 километри од Ваташа.
    На споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост испарвена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. На местото на кое се стрелани е подигнат и Спомен-парк во кој се засадени 12 јавори како симбол на дванаесетте млади животи.
    СЛАВА ИМ !!!
    Превземено од http://www.zolta.com.mk/info.aspx?id=892

    Еве и за спомениците во Кавадарци.
    http://www.kavadarci.gov.mk/index.php?o ... 28&lang=mk

    Доколку некој знае некои легенди поврзани со 12те деца, Костурницата, паркот како и детето со хартиениот брод на фонтаната што седи (Ставила МајГрл слика), нека напише.

    За детето јас знам нешто.
    Ова ми го имаат раскажувано. Изградена е во спомен на дете кое се удавило. Имало клупа од спротива на фонтаната и родителите на детето нешто разговарале, додека детето си играло кај фонтаната. Му паднала играчката во водата и се посегнало да ја земе, па некако паднало и се удавило. Е сеа малку и нереално е за родителите да не слушнале ништо, но кога виделе веќе било доцна.

    Еве нешто и за Костурницата.
    http://arheo.com.mk/2009/02/20/memorial ... kavadarci/
     

    Прикачени фајлови:

    • kavadarci (10).JPG
      kavadarci (10).JPG
      Големина на фајлот:
      91,7 KB
      Прегледи:
      1.135
    • kavadarci (6).JPG
      kavadarci (6).JPG
      Големина на фајлот:
      48,9 KB
      Прегледи:
      1.133
    • Photo-0034.jpg
      Photo-0034.jpg
      Големина на фајлот:
      189,7 KB
      Прегледи:
      1.134
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Да, ние ги имаме најубавите ѓевречиња во македонија 8) Тврдам :!: .
    Инаку, Костурницата е, како што и самото име кажува - костурница. Спомен за паднатите борци во НОВ.
    Еве нешто за неа:

    Над градот Кавадарци се издига еден рид на кој Кавадарчани се искучително горди и за кој се емотивно врзани. А и како не би биле бидејќи на него се наоѓа еден од поубаво уредените и веројатно најголемите градски паркови во Република Македонија. Во мирот и тишината на овој парк во 1976 година е подигната Спомен костурница на загинатите борци во Нов од Кавадарци 1941-1945. Нацртот за оваа архитекстонска структура/комплекс го изработил архитектот Петар Муличковски од Скопје. Историчарите на уметноста притоа забележале:

    “Во делата на Муличковски посебно се карактеристични објектите кои поседуваат чист и јасен архитектонски израз на конструктивизмот и новиот брутализам. Едниот направен од метал, бетон и стакло со “ѕидна завеса” и другиот во натур-бетон како оригинален претставник на новиот брутализам.”

    Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци, па и пошироко на Тиквешијата. Претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски зидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку двете железни врати (јужната и северната) на кој се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во Градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина убаво формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно според истражувањата од општината, вкупно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ.
    Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со испирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два спрата кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Зашто е толку повлечено Тиквешко? :^)
    Јас се изненадив, може 50сетина метри отприлика е повлечено ако не и повеќе.

    Инаку тостот од Мерлин е стварно закон :lol:
    Убаво е направен и новиот плоштад, убав си е Кавадарци и мило ми е што не пропаѓа како доста гратчиња низ државава, напротив си се развива. Тоа е добро, си има млади, дел од студентите си се враќаат по студиите тука. Си имате неколку фабрики Фени, Тиквеш, сега го имаа во близина и Стоби и си опстојуваат одлично а се додека постојат тие Кавадарци си има иднина.

    А и нема поубаво винце од Кавадаречко на светов. Нема бре!

    Ги спомнавте споменици е тие не ги има видено и за низ знам приказни од кавадарчани од кои на страшливка како мене и се тресат гаќите. :lol:
    На пример ми викаат ај одиме на кајче низ Тиквешко, а мене ми беше многу страв. Езерце со огромни сомови, со села, гробишта под езерото, со несреќни случаи секоја година и јас уплав :?:
    Знам и за 12те деца, па ми мотаа и филмови дека навечер таму во 12 часот се случувале чудни работи. И ми викаат сакаш а идеме кај тој споменик и јас категорично НЕ.
    Страшливка :)

    Ете викендов си испив убаво кафенцево Круна, јадев преубава скара во Нано, си шеткав низ продавниците и сватив дека сте поскапи од Скопје :!: и имав преубав викенд на Тиквешко.
    Ама пред се имате убав народ, пријатели заради кои во секое време ќе одам во Кавадарци :wasntme:
     
    На Saraa, JoxyTheFreak и Mygirl им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    Иако сум родена во Скопје Кавадарци е мојот град. Кога би бирала каде да живеам би живеела таму. Мало убаво место. Кавадарчани се луѓе кои знаат да уживаат во животот. Ми се допаѓаат луѓето, тоа што речиси сите се познаваат, па и да излезеш сам мислам ќе си најдеш друшка. Ми се допаѓа тоа што се секогаш средени, се губам меѓу девојките кога ќе излезам таму :wasntme: Момците знаат како да се однесуваат со девојките и кај нив сеуште го има џентлеменството.
    Јас што велам - Од кал да е, од Кавадарци да е. Не за џабе си одбрав момак од таму :wasntme:
    Нека не ми се лутат кавадарчани ама во Кавадарци каде и да тргнеш пешки можеш да си одиш. Мене ми е луксуз братучед и живее во центарот на градот и излегува со кола. Ми се допаѓа стариот дел од градот кој мислам дека сега се само 2,3 улички, обожавам кога ќе поминам покрај огромните порти правени од тули.
    Паркот и костурницата се моите омилени места. Порано знаев и колку скали има до горе :D сакам кога ќе се качам горе и од едната страна се гледа градот, а од другата се гледаат лозјата.
    Мерлин и мене ми прави најубава храна, а имаше и едно место кое го затворија, ако знаат кавадарчани каде стојат комбињата за село. Таму сум го пиела најубавото нес, а и прв пат излеговме со дечко ми. :inlove:
    Го сакам гроздоберот и панаѓурот. Посебно гроздоберот иако лани кога бев врнеше. Убав град е Кавадарци, кој не отишол нека му е следен на листата.
     
    На Adi888, peperutkaa, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    ехх Кавадарци...иако не сум од Кавадарци за мене тој е втор дом.Пола од фамилијата и од мајка и од татко ми е таму.Скоро сите да не речам ми се роднини хаха. :D
    Мора да се пофали тоа што Кавадарци е доста среден сега како град,многу многу ми се бендисва.
    Мало е и сегде можиш да стигниш пешки,сите луѓе меѓусебно се познават и сите се доста љубезни и гостопримливи. Пред две години бев на викенд таму и баш тој период беше Гроздоберот.Абе шо да ви кажвам препреубаво! И минатото лето бев на поседок кај брачеди за 1 недела и стварно можам да го пофалам и ноќниот живот таму.
    Се шо е поврзано со Каварадци ми недостига бидејќи немам ојдено таму можи една година... :(
    Ако не сте биле мора да го посетите!
     
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Да, Росонерке, бутиците се поскапи отколку во Скопје :@ , но затоа па кафулињата се скоро дупла поефтини :) . А имаме многу кафулиња ние во градот, така да си знаете 8)

    Исто така, има доста добри приватни фирми, не се само тие што ги наброја ти. Еве некои:
    "ЖИТО ЈУГ"
    АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА КАВАДАРЦИ
    ИГМ ТРЕЈД
    КОЖУВЧАНКА ДОО
    МЕПОС-ОПЕРАТИВА
    Претпријатие за производтство, трговија и инженеринг ГТИ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ Д.О.О. КАВАДАРЦИ
    ТИКВЕШ Винарска Визба
    УНИВЕРЗАЛ-ПРОМЕТ
    ФЕНИ ИНДУСТРИ
    ФЛОТ СТАКЛО ЕЛЕНОВИ
    ФОРШПЕД ЛОГИСТИ
    КАВ КОМЕРЦ
    ЈАН БОР -столарија алуминиумска
    МИ КОМЕРЦ- алуминиумска брварија
    УРБАН ИНВЕСТ
    ГРАДБА ПРОМЕТ
    ДАФИНКА производство на копчиња
    МИК метална индустрија
    МЕТАЛЕКС

    Кавадарци е еден од градовите во Македонија кои имаат најголем извоз :) .

    И во право сте за луѓето, абе убави луѓе сме ние, весели, комуникативни, широкогради :)

    Марамке, немај гајле не се лутиме ;) , предност е тоа што секаде можеш да стигнеш пешки :D
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Поскапи бутици од Скопје? ЈОК! :o

    Баш тоа коментиравме со мајка ми,секогаш наоѓаме работи низ бутиците во Кв.дупло поефтини од Скопје.
    И секогаш кога одиме до Кавадарци,нема шанси да пропуштиме шопинг таму.

    Памтам баш летото последен пат купував,абе ефтино ефтино..блузи што низ Ск ќе ги најдев за минимум 500 ден.ги земав за 200,250..се изнакупивме тогаш.

    Е ,добро може тогаш сум фатила попуст или акција некоја,ама не зборам баш конкретно за тој пат само,него општо секогаш кога одам.

    Фала богу нема шанси секој пат да фаќам попуст,таман работа толкава среќа да имам :up: :D

    А,и да си кажам дека Мерлин сендвичарата ми фали многу! :sweat: :D
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Ти гарантирам дека се поскапи, јас сум од Кавадарци, а студирам во Скопје, така да, ја знам разликата во цени. Баш ме интересира кај наоѓаш толку ефтини маички? Сигурно биле на попуст. Јас откако студирам во Скопје, скоро ништо си немам купено од Кавадарци. Многу често се случува да си купам нешто од Скопје, а потоа истото да го видам во Кавадарци - но поскапо.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    И јас тврдам дека во Кавадрци е поскапа облеката ама затоа пијачките и храната е поефтина.
    Него не ми се допаѓа во Кавадарци што има(в)те рестрикција за вода.
     
  14. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Ич не ми текнува на продавничката,ама знам ефтини работи имаше..
    Па да,најверојатно на попуст било сето тоа,плус лето ..ама што знам бе,сепак пак стојам на тоа дека поефтини работи има КВ. :)

    Плус имаше едно продавниче,ту бре со имињава сум слаба малце :D
    Имаше плати едно земи две,па од надвор како што видов цени беа пристојни,ама не влегов :)

    Ако те интересира продавницата,да видам нешто со мајка ми ако и текнува или по маичките :lol:
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас кај што живеам никогаш немавме рестрикција :) Можеби само доцна во ноќта, но тоа беше многу ретко. Инаку да, на некои места имаше. Но мислам дека повеќе нема :?:
     
    На vesna23 и Beauchamp им се допаѓа ова.
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    има некој од кав да пише тука? :)
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Како не сум ја видела темава до сега ?:D
    Дечко ми е од Кавадарци, пред да за запознаам со него, само имав слушнато за овој град( и на некоја екскурзија до 4то одд бевме во Ваташа). Мене ми е навистина убав и пријатен. За овие 2години и повеќе, имам посетено повеќе места кои ми оставиле прекрасен впечаток. Костурницата, паркот, 12те деца.. Дечко ми живее кај плоштадот, па како двор му е :D Многу ми се допаѓа како го средија сега, со фонтаните. Кејот на Луда Мара е убав, но ретко кога тече вода во коритото :)
    Излегувањата во Кавадарци се најдобри! Ги обожавам пирошките и пиците во Блу, дневна шема таму мора да се фати :) За навечер имам излегувано во Спејс, ама таму многу мали излегуваа и го затворија. Ова лето излегувавме во Александрија и на Шанкот (Експрес кафе) и прекрасно си поминав. Забава секогаш има овде. Ама Кавадарчани се највеселите и најдружељубивите луѓе кои сум ги запознала. Секогаш се расположени за дружба, за излегување, веселба, и пиење нормално :D И никој не се замара со ништо додека е излезен, туку гледа да си помине убаво. Е сега, тоа со рестрикцијата на водата летно време и мене многу ме нервира. Како жто кажав дечко ми живее позади зградата на Макси-Де, во строг центар, и секој ден од 1 до 6 попладне нема вода, а и навечер исто така. За цените, во споредба со мојот град, поскапо е се, и затоа многу ретко си купувам од таму, а и нема некој избор. Во сите продавници се истите работи ги гледав ова лето. Епа доста е од мене за Кавадарци, се расприкажав јас :D
     
    На JoxyTheFreak и senjorita-v им се допаѓа ова.
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Си го сакам Кавадарци многу. :)
    А Марама и Роси ако идат наваки а не ми кажат,нека му а мислат! :!:

    Имам фоткано и на двете места јас,само на сликите од 12те другари го немам сликано ни споменикот ни ништо,така да незнам колку ќе помогнам. Ама ќе ставам слики. Прекрасно место е!


    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    А еве и од Тиквешко.
    Тука па ептен бев отепан,па не се нешто нај сликиве. Едни од најстарите се.
    [​IMG] [​IMG][​IMG] [​IMG]
     
    На Hipica, vesna23, Isidora-Veles и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Па тука имало ногу Кавадарчани да го еее, ae анонимни да си останиме да нема шеги низград... :D
    Најубавиот град у Македонија, костурница, 12 деца, паркот, кејот се најубавите места во Тиквешијата, предлагам паркот да го посетите кога ке падне првиот снег, гледка шо да ви распраам, народот за викенди се шетка де на Шанкот(Експрес Кафе), де у Александрија, тука исто така имаш 99% шанси да го сретниш "Чачко сликарот" и да ударите една форка за http://www.kavadar4e.com/galerija . Aбе ни ногу фин народ сме не сме ИСКОМПЛЕКСИРАНИ ка Неготинци, абе срцки сме.. :D
     
    На Saraa, T.e.d.d.y, WhiteButterFly5 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    џокси у кавадарци си? шо има ново таму? :D