3D кино! И тук и тамо по некој новопечен сељак без живот! Ама како и да е нема нешто ептен сменето де. Уште ми е најубавиот град во МК! : И само да знајте,онака,чисто информативно поубав тост од тој во Мерлин нема да најдите! Аааа и нов плоштад. Не е нешто нов ама да ве просветлам ако не сте знаеле.
Леле Џокси, ме настрви сега! Едвај чекам да дојдам и право во Мерлин по еден хот-дог со помфрит. За него и слабеење и се‘ баталвам! Лиги ќе почнат да ми течат, ух, ух .. Ајде кон крајот на мај или почеток на јуни гарант ќе си го посетам градчево. Ќе се изнашетам и ќе се изнајадам, од сега то е решено!
море море море...многу кавдарчани имало на воа фемината.нема потреба да се лафе за кавадарци требе да се дое и да се виде а за киното секоја чест,искрено ни фалеше малце да а разбијме рутината и да отидиме на кино,каа порано нашите родители коа оделе...мене баш ми е романтично
Не сум имала прилика да го посетам, а многу сакам да одам Но ќе искоментирам за кавадарчани бидејќи имав чест летово да запознаам едни и да се здружам со нив. Луѓето се неверојатни, многу ми се допаднаа како друштво. Добри во секоја смисла на зборот, дружељубиви, весели, и најбитно добра смисла за хумор Секогаш расположени за ракиичка и добар провод. Абе срцки се, што да кажам друго. Сега незнам дали повеќето се такви или сум налетала на правите луѓе, ама предобар впечаток ми оставија.
и ја су од Кавадарци и да ви кажам поубаво место нема! кај сакаш моиш да си излезиш ни такси ни кола ти треба се ти е при ,,рака,, ако имаш 500 ден цар си цела вечер прво кафана со богата пијанка после тоа дискотека и за такси имаш пари до дома да си оиш оти ни ногу си пииме кој сака неа иде слободно нема да згреше и башка ци помине лудо и незаборавно!!! а и на тивешко иам куќа, кој сака и таму че го носам
Кавадарци да многу драг град ми е. Имав прилика да го посетувам почесто средното шумарско училиште ''Ѓорче Петров'' само убави зборови,односот на вработените секогаш беше добар и дојдов до заклучок дека кавадарчани се добри луге. Во Кавадарци постои најдобрата туристичка агенција ''Aтлантик турс''Mногу убави незаборавни патувања и дружења со Кавадарчани. Ракијата е најубава. Го сакам Кавадарци.
Еј тема за моето градчеее! Поздрав до сите Кавадарчанки! Си дојдов пред недела и стандард како секогаш си поминав најубаво!
Јас од Кавадарци кога се враќам, болна паѓам. И со месеци да седам, нема да ми здосади. Стојам на тоа дека таму е животот. Дури и кафичите таму ми се убави .. Ах, тој парк, чуда прави. Останува со три точки, ќе има продолжение.
Трет пат поминувам низ Кавадарци и никако да застанам во моето омилено место да си апнам нешто На плоштадот она City Art или како и да се вика, леле, лелле, лелле со дечко ми си пукнавме од убавини. Каква храна спремаат, мераци! Посебно има едни охридски палачинки, мх, мх. Лиги ми течат. Ги мислам некое време па да ги пофалам по темава
Сендвичара Мерлин се знае, храната е иста со години. Од ресторани на прво место го ставам НАНО, после имаш пицерија СПАНЏА, Ресторан БРИОНИ; ВИНСКА КУЌА, CITY ART, RAMAZZOTI.
Аии случајно налетав на темата гледам во патувања и одмори тема Неготино па си викам шом Ниготно има, има и Кавадарци сигурно .Искрено најубаво градче во македонија ее..Убавинии..Сите шо живеат тука си знаат а ви шо немате дојдено слободно дојдите има шо да видите..Прекрасен град, абе души луѓе..Нема да зажалите тиа шо ќе не посетите..Сега поготово најубаво е да се отиде на Тиквешкото еверо милинии..Да се релаксираш и одмориш од се..Ни кавдарчани скоро сите имаме куќи на езерото па викендот си го поминуваме таму..Исто така на 12те деца и на браната е преубаво за одмор за дружење у близина ви е Вила бела да си сседниш да се одмориш прекрасна храна прават..Градскиот парк костурницата е убаво место да се посете таму во паркот одма е ии Бриони од милина да си седиш покрај тебе се зелено И на градскиот базен може да се отиде има и ноќмо капење ја оти некогаш не сакам гужва често одам и на базенот Капри шо е на Уни палас хотелот У мерлин дефинитивно се најубавите хамбургери и тостови не ми поминува денот без нив Ако сакате убава храна можите да одитиде како шо кажав поготе Вила Бела, Бриони, Стар балкан, Сити Арт, Ексклузив, Нано, Рамазоти, Спанџа и.т.н Од кафичи и барови во Стрит бар, Корзо кафе, Рома, Експрес кафе на шанкот , Блу, Тосакано, Пикасо (слушнав нешто сега и пици правеле тука ) и нормално во најјаката дискотека Ал пачино хохох си го испофалив ја градот ама има и за шо Езерцето најсаканоо