Да сумираме што нуди градот во 2017 В.В Тиквеш (линк, мени) Мотел Ресторан Моклиште, 5,4км оддалечен од градот (доколку е викенд и планирате ручек ви препорачувам да си закажите, се полни уште рано наутро, линк) Ресторан "Вила Бела" 5.3km оддалечен од градот (линк) Ресторан Белисимо (линк) Ресторан Бриони во самиот градски парк (линк) Lounge Bar "Taim" (имаат необично мени, линк) "Nero" Kitchen & Bar (и овде имаат необично мени, линк) Pub Blue (посебна атмосфера владее овде, просечен кавадарчавец го посетува барем 6 пати во неделата , линк) Имаат над 50 врсти пиво!! Бар 37 (и овде може да се дојде за да се дегустира пиво, линк) Street Bar (линк) Roma Caffee (Не можам да најдам добра фотографија од местово, ама е доста кул место за попладневно кафе и ноќен живот) Element Cafe (линк) Градски базен и Ноќен клуб "Ал Пачино" Толку засега од ресторани, барови итн.. Повелете!
Кавадарци е убаво и интересно гратче, кафичите и рестораните се полни, владее позитивна атмосфера, а цените се многу пристапни. За цените во бутиците, не знам, не сум шопингувала таму. Седевме во некој ланч-бар во центарот, не ми текнува за име и беше преубаво. Има убав парк, зеленило и е во целина, чист град.
Според картава што ја гледам, најдобро е да ја оставиме колата зад стадионот за најмалку да пешачиме. Точно?
Кавадарци и околината не нуди баш премногу, но тоа што е, е убаво. Имате кафиќи: клуб елемент со според мене најубавото кафе во градот, сити арт, доорс, рома, централа кафе, стрит бар, бар 37, блу. Слаткарници палма и свит арт. Ресторани, кафанчиња: екслузив старо маало, пицерија спанџа, рамазоти, кицо, релакс во паркот, таим, белисимо, и сигурно има уште нешто ама не ми текнува, а да тиволи е рибен ресторан, ресторан сино. Накај Моклиште кога се оди се наоѓа ресторанот вила бела, каде може и да се преспие а бавчата на ресторанот е покрај река. Ресторан Моклиште, каде кога времето е убаво, убаво е за со деца, има лулашки, лизгалици и тука има соби за спиење. Местото 12 ваташки деца е убаво реновирано со преубава пешачка патека, спомен костурницата во градскиот парк и самиот градски парк е преубав. На Моклиште на некои 700-800 метри имате манастир св. Никола мислам се викаше. Имате три музеи во градот, две цркви, во центарот св. Димитрија која се реновира и св. Петка, во новиот центар, до хотел фени. Градскиот плоштад не е нешто преголем но среден е. Тука е и паркот на Револуцијата спроти полицијата и кејот на реката Луда Мара за кратка прошетка. Тиквешкото езеро, каде има и неколку кафанчиња. Витачот за пешачење и релаксација. Има и доста бутици, но облеката и обувките според мене се скапи. Каснете нешто и од сендвичара Мерлин, незаборавни се сендвичите и тостовите. Има и неколку поголеми продавници со се и сешто, од играчки до алати и работи за домаќинство, Стибера, Хепи хоум центар, дито маркет. Толку од мене засега.