Вчера бев во Кино Карпош.. кај не излегувам често уште па не знам со кој памет таму отидовме... скроз разочарана од атмосфера...луѓе стојат во место, со пијачки во рака затворени ви мали кругови... како да се плашиме да имаме интеракција веќе меѓу себе... каде да излезам за убаво опуштено забавно да си поминам? ако сакам да блеам ќе одам во театар...
Која точна дијагноза на искачањата во РСМ. Никој со никого не се дружи надвор од масите и од нивниот тесен досаден круг, сите само дремат, сркаат едно кафе од 150мл капка по капка во тек на два саата, нема ама баш никаква забава, а цените лудница. Имам чувство дека овие кафе пиења се всушност модифицирана верзија на пиењето чај од пусто турско, само некако не сакаме да си го наречеме така. Нее, наместо тоа го викаат кафе-бар демек бар било, само колку да избегнат да го кажат зборот - ТУРСКА ЧАЈЏИЛНИЦА. За да биде БАР треба да има БАР - даска, шанк, кај што ќе се седат, стануваат, циркулираат луге да се расположат, да комуницираат, да се запознаваат и секако да се пие алкохол, пиво, виски, а не кафе. Кафето се пие најмногу 10-15 минути, после тоа се оладува и станува неубаво блуткаво. Кафе се пие додека возиш накај работа наутро, или додека работиш пред компјутерот. Како бре може 2-3 цели саата некој да пие едно исто кафе сеуште не ми е јасно. Интеракција мегу себе? Хаха, - никаква! И ова мислам потекнува од пустото турско. Во чајџилница нема никаква интеракција мегу девојки и момци зошто просто нема девојки! Та и заостанатиот менталитет религиозен е пресликан во кафе пиењето балканско - да е срамота дечко да и пријде на девојка во кафе бар ако претходно нели некој не ги запознал, или пак недајбоже обратно девојка на дечко! Се на се, кафе пиењето па би рекла и диско искачањето (диско? иако нигде нема фактички диско музика?) во РСМ е на средно мизерно ниво, и личи само како некоја копија што некој ја гледал на ТВ и се обидел да ја имитира, но во таа имитација од манџа додал 95% турски зајриња и 5% идеји од американски филм.
токму така, работата во саботата беше што не ни беше преку ден. луѓево алкохол пијат и пак се здрвени ко од циа да ги бараат за непристојно однесување!!! не можам да разберам... еве стварно ми треба некој да ми посочи некое место за убава забава затоа што кај излагам еднаш во 5 месеци бар да си поминам убаво! најтрагично е што луѓево и во диско исто се однесуваат...не знам кога станавме толку здрвени ко дивтари некои.