Vcera sabajle bev na kafence so 2 koleski vo leptokarija,a vecerta si ja posvetivme so decko mi i imavme vecera so ubavo belo vince,a potoa...se znae
Вчера? Прво утрото се разбудив кај една другарка.... Вечерта бев прво на Новиот почеток, потоа малце на плоштад, па на крај завршив во Custom Pub.
Вчера цел ден дома ... А вечерта кај другарками го кршевме колачето а потоа излеговме во кафич и многу убаво си поминав ... А откако си кренавме од кафичот се запознавме со едни трубачи кои случајно ги сретнавме и им рековме да ни засвират нешто хахахахаха
Еј,вчера... Вчера беше прекрасен ден. Да,малку бев мамурна,но беше одличен. Сончево. Јас и мојата најдобра на прошетка и на квалитетен муабет,каков одамна си немавме направено. Муабет каков што ми требаше,и многу смеење... И потоа уште една квалитетна средба,со едно помалетко мое,кое пораснало во умот за многу години.. Созрева без мене,но многу ја сакам. Денот беше преубав.
Вчера бевме во Маврово...каков ден, каква убавина...само што стигнавме веднаш се сетив на спотот од Владо Јаневски-мислам беше Мавровска убавина... и така си се санкавме со малечката..си паѓавме и се смеевме...се измокривме и се исончевме..Дојдовме дома, ја избањав ќеркичката и спие од 20ч., кутрото се измори..на мааама сонце.. А да и сама се возев на ски лифтот, на маж ми му беше страв
Вчера? Во шопинг и се вратив со нови шејчиња (што би рекле струмичани). И на прашањето зошто сум трошела пари за гардероба-најсовршениот одговор го дадов: па мило, на мајка ти не и се допаѓа мојата тесна гардероба, ми се познавал стомакот во нив, морав нешто трудничко да си купам Трудници, еве нов изговор
Вчера (сабота ќе ја сметам за ВЧЕРА) бев во омилениот кафич со омилените луѓе во омилениот Охрид, каде што го пиев неговиот нов експеримент - Purple Jazz
Вчера ли? Си бев до железничка да испратам едно бушаво девојче па после со Хуго во Луна парк, јадев шеќерно јаболко и шеќерна волна... и се возев на вовчето Ко за белја имам и фотки како доказ Потоа си бев дома, готвев, весело го отпоздравив доаѓањето на Трипун со едно страшно добро домашно црвено винце... Се' на се' - имав СОВРШЕН ДЕН вчера...
Вчера...добив букет од 5 бели кали зошто лошо и нервозно ми тргна сабајлето И после откако го изгушкав отидовме на едно Скопско „мегдан“ кафе на ул Македонија, па накај плоштад... Имаше Валентинско-Трифунски панаѓур, ми купи печени костени и се смеевме и се шетавме, јас му се правев паметна, он ме гушкаше и ми се смееше... Убавини... После тоа го пикнав во МОЈАТА кола и го возев саат време низ Скопје... Најубавите муабети се случуваат во таа временска капсула наречена Опел Астра...Да бидам искрена, има и име, ама ако чита некој што ме знае, ќе ме препознае по неа. Сума сумарум, со оглед на репутацијата на моите недели...вчера беше... мх! ПС. Трендафилка - и јас сакам на воФче.
Ајде заедно, ајде, ајдеееееееее Морав да се буткам со еден малишан, зашто сакав да се возам во последното вагонче, на последното место, а и тоа кутрото го имаше пикирано истото местенце. На крајот ја добив битката, ама многу треска бре баш на тоа место... It was one bumpy ride
ВоФчеееее!!! Најдоброто нешто од моето детство! Абе која носталгија ме пука кога се вкрстуваат шините и ти го растресуваат г’зот токму на тоа место - чудо едно! Јас ќе заплачев минатата година од носталгија! Жими се! Цел филм ми се врати! Сакам пак на вовче! Многу многу ептен многу Да не сум офтопик, вчера бев на гости, па на планина. Се на се - убава недела
Утрото (во 12 ) бев да си ја заверам картата. Од на автобуска отидов кај една другарка на кафе-муабет и гумени бонбони... Потоа отидов кај друга другарка на кафе-муабет и пуканки. Потоа такси и правац кучи, демек да ручам. Од ручекот ни Р не видов. Отидов на кратко да ја видам баба ми и следна дестинација ми беше повторно автобуската. Но овој пат носев нешто повеќе од заверена автобуска карта. И така возикајќи се по нашиов ни мил Див Запад на нашава ни мила Македонија, стигнав во Скопје....
вчера си бев најпрво кај една другарка на кафенце а после кај златцето на работа си ја преседев цела вечер со него