Работев преку ден, го испрошетав градов... Приквечер седнавме со бившиот на коктели кај мене на балкон, кој предходно го опремив со фенери, свеќи, инсенти и перничиња... Припремив лично јас коктели кои научив да ги правам во Трогир----и испаднаа Лудница! Испаднаа слично вака, плус со парчиња lime и кристали, кршен лед, и сируп од киви... Значи шарено како мене! Заглавивме до касно- нормално!
Преку ден бев кај баба ми, возев точак, а вечерта отидов со друштво на фанки&блуз свирка. И многу убаво си поминав.
Преку ден, дома-над книга (спремам многу важен испит )...навечерта во домашна атмосфера со другарка ми и со мајка ми си пиевме кафенце па после со другарками малце прошетавме низ град да не "дувне" малце ветер, да ми ја разбистри главата..не за друго ! и така си легнав не баш среќна и не многу задоволна од тоа што успеав вчера да научам... Spoiler па веќе почнав да го сонувам професорот !!