Вчера бев со братучеди излезена во град. Имаме во Велес рингишпил, она лулашка што треба да се бутне мечето, колички кои се буткаат и вовче. Се возевме малку, потоа отидовме на пица во Да Винчи Паб, прекрасна пица имаат. Они си отидоа, јас продолжив со другарка на сокче во кафич, па се прошетавме, па малку на фонтана.
Низ град, на јадење во Драго со другарка, пак кругче низ град, на кафе во Сити со другарки од детството, пак низ град, па во Квадрат со пријателка, низ град пак, па на кафе во Хелиум со момците, со истите на кафе и во Стефано, со истите филмче, па се сретнав со другари, со нив до станица, и конечно дома. Еј му не изнашетав.