Прво до факултет да обавам некои заостанати административни обврски, па после на кафе во Лезет (сега Кашмир кафе?), со сестра ми по продавници, за на крај дома да се струполам и после туширањето да не ми се станува од кревет. Но! И беше роденден на мојата Нејт, па отидовме во Мексикански ресторан, на сангрија, маргарита, емпанадас и тортиљи. Се сликавме, смеевме, радувавме на четврт векот на девицата наша и по полноќ домче. Важно јас од емпанадата полнета со халапењос и крем сирење, имав змејови цела вечер во стомак Ама вредеше! Вкусно и автентично помината вечер.
На роденден кај другарка,супер сме поминале,и што е најважно-повторно успеавме во создавањето на најизненадна реакција на поклон за роденден