Имате да речеме на сметка 15.000 евра заштеда, и каде би купиле стан во Македонија, да ви биде убаво за живот, но и да има каде да работите во тој град. Со тие пари кога би ги имала би кушила гарсоњера на старо, но сепак да не биде тоа во гратче каде нема никаква работа. Ваши мислења?
Никаде, пошо нема да ми стасаат парите. Кај има стан за 15,000 евра у Мк, а да не е Долни Балван у прашање?
Koлку чинат станови во Кавадарци? Има ли работа, да има од што да се живее?Има ли добри сообраќајни врски, болници? Ете пример кога би бирала, тоа би ми било важно.
Eве во Крива Паланка гаросоњера на старо сигурно има за тие пари. Зошто да не? Не зборувам само за Скопје. Што е со Свети Николе, Дебар, Ресен пример? Плус во некое еколошки чисто гратче поубаво ќе му е на човек, но да се има работа.
Абе ваљда има за имање ама шо ќе правиш таму е потешкото прашање. Ни луѓе, ни бутур. Знам за случај, од што мора живеат во Кратово, патуваат до Ск за работа. Истото е и со Св. Николе, близок мој така прави. Ептен му е интересно 2 саати по патиштата у правец, па 2 саата назад. Пред месец дена случајно се најдов во Демир Хисар, тажничко, нема салам маркет, патот крш. Бубрег ми испадна мислам. Кичево исто празно, фали цела старосна група од 24-32. Да не испадне ти ја уништивме одма темата, еве нека кажат другите, и мене ме занима.
Зошто да не Берово. За пензија е одлично. Чист воздух, тазе сирење, органска храна,прошетки околу езеро..
Најарно, некое куќаре на село да купиш со тие пари... Нешто, во радиус од 50км од СК. Најпрактично, за тие пари.
Супер идеја, ако си во witness protection програмата и сакаш одново да го изградиш својот живот без страв дека некој некогаш ќе те најде.
А што мислиш ти ако е село одма е затуцано и џабе ги даваат куќите? Не бе сесре, во Скопските села се поскапи куќите дури од станови во центар. Јас кога би бирала, би избрала село ама почисто и посредено. @Cka и јас би го бирала Кавадарци, да не бев врзана со работава и да треба да почнувам одново. Еднаш имам отидено ама убав впечаток ми остави, мирно, средено, без диви племиња да прават хаос по улици и сообраќај. Сите градчиња може да бидат добри да ни беше и државата добра. Сега цела Паланка е во странство со бугарски пасоши, цело Кичево, Ресен, Кратово. Немам инфо како е по другите градови, ама генерално жалосна слика. Само во Тетово и Гостивар никогаш не би избрала, иако географски погодни, се осеќав како да сум на Дивиот запад таму. Ептен се заглавив со хипотека, во спротивно ќе соберев се што имав, ќе продадев се што имав и комплет фамилијарно магла од тука. Ќе ризикував се само за подобра иднина на децава, не можам да се помирам со тоа што не им обезбедив нормално, цивилизирано, стабилно општество и живот. Мој совет е, секој кој има тргнато пари на страна а особено и бугарски или друг ЕУ пасош, да не вложува во земјава туку што подалеку и ако отиде во Нов Зеланд нека помогне на другачката од форум што ја советувала да отиде и она таму. Това би било, со повеќе вести во 00:00 часот.
Па добро сега ако правиш споредби со трите кули или оние новите дијамантски или какви и да се со некоја кочина во кривогаштани, океј. Или намина само за провокација и контрање. Демек сега одма ќе почнам да правам скриншотови од пазар3 и реклама5 да ти докажувам колку вредат куќи по "селата". Немам друга работа у моментов, еве може ќе ангажирам и членови од форумов да ми помогнат во собирање информации.
Јас би бирала да си земам куќичка во Крушево. Тоа сум и во план, прва прилика и одма купувам во Крушево . Кај мене и не е баш проблем за работа, зашто работам надвор од мк, ама кога сум за идење пример не ми се седи Охрид со сите дома, сакам да си бидам сама, едноставно сама кога сум уживам и напросто Крушево ми е место каде што си имам мир, настрана од сите.