Луѓе не реков дека имам 15.000 евра, но за некоја година може и да ги соберам здравје. Сакам да заминам од земјава, иако заработката не ми е лоша, но се чувствувам несигурно. Сакам да живеам во поубаво општество, но секако и да заминам, би сакала да имам еден ден имот во Македонија. Просто ме плаши иднината во оваа држава. Само црни хроники. Снемало струја на гинекологија, ама ги тешат луѓето не се случило ништо со бебињата во инкубатори. Му фалело стаж на некој, оти некој мрзливец во ПИОМ не стиснал копче на компјутер, ај ништо, дете силувало дете во парк близу школо, директорот пријавува по еден месец. Ова ли е средина која ветува? Имам плата, да, но кога ќе ја погледнам големата слика, медот го јаде газдата, а секој бонус го делиме подеднакво, иако некој работи двојно повеќе од другите. Дали е ова средина која ветува? Не. Но, здравје боже, ако се биде ок, и да заминам барем една мала куќа во некое село близу градот да имам добро би било.
Во Скопје купи си ако купуваш,и ако заминеш во странство,ке го издадеш. Се друго низ Мк е џабе фрлени пари.
Ќе ти пренесам искуство од албанците печалбари во моја околина. Првите иселеници одеа на печалба и се враќаа. Градеа голема куќа. Вторите, остануваа во странство и градеа куќа што ќе им останеше празна цела година освен 2 недели кога ќе се вратеа. Третите, идат само со сопругата зашто веќе на децата воопшто не им е интересна Македонија. Овие сега купуваат станови. Четвртите, ни станови не купуваат, викаат ќе дојдам, ќе отседнам во хотел и ќе си одам. Која група ти се допаѓа најмногу? Мене четвртата. Инаку, потполно те разбирам во поглед на тоа зошто сакаш да се селиш. Исто мислам и јас. Не е проблем само парите. Не сакам моите деца во иднина да растат во ваква средина. Само ќе им го оставам проблемот во наследство. Кога ќе попораснат и тие ќе сакаат да се отселат...
@mime87 Со програмата на Купи куќа купи стан. Многу години се за отплата но ако мораш тоа е тоа. https://www.stb.com.mk/naselenie/kr...a-kupi-stan-subvencionirani-stanbeni-krediti/
Aко веќе сакаш во Македонија ја би рекла Берово, мирно, чисто, нема многу луѓе е сега не знам точно како се движат цените но доста поевтино е од Скопје а има и добри ресторани и превкусна храна и се разбира чист воздух. Ако добро го владееш англискиот многу подобра опција би ти била со тој буџет да пробаш во некоја стабилна европска држава или можеби Канада.
Селата окулу скопје од маџари до петровец, за 20 минути си до центар, а и аеродромот ти е близу, нема многу орлови гнезда за разлика од другите скопски села.
имам бидено по населбине скопски ги знам радишани пример не знам како можат да живеат луѓе таму и да мислат во скопје се се редактирав да не ви пишам на дијалект хаха
Со оглед на тоа дека селата се наогаат на самиот пат за Велес, би сакала да ми објасниш како е тоа логички метафизички возможно?
Ај одлучи прво дали сакаш во гратче кај што може да најдеш и пристојна работа или сакаш било каде, кај што е поефтино за коа ќе си дојдеш на одмор во мк да има кај да отседнеш? Ако е првото можеш во Неготино или Демир Капија да си купиш и да одиш на работа во Кавадарци. Во Кавадарци нема да најдеш гарсоњера за тие пари, во другите 2 верувам дека ќе најдеш. Ако ти е втората опција во план јас ти го препорачувам МК.Брод. Нема нешто многу народ, еден голем маркет има, една кафетерија и една пицерија. Празно е ама чисто, нема загадаување јер нема ни индустрија ни народ, прекрасна е природата во близина. За таа сума има да најдеш многу поголемо нешто од гарсоњера. Пријатели го продадоа станот за таа сума и тоа на човек што живее во странство и нема многу ориентација колку се цените на недвижностите, на тукашен купец ни толку не би го продале. Плус Прилеп е многу блиско за секој пат коа ќе имаш потреба од некое поголемо населено место.
Битола или Охрид. Сепак не би купила стан ако немам потреба, би купила едино ако најдам добра работа за да не морам да патувам. Куќа си е куќа за мене, и убаво ми е тука каде што сум само што многу многу тешко би се нашло соодветна работа.
За странство не знам како ќе ми се посреќи и дали ќе имам шанса да отидам. Темата ја отворив за да дискутираме каде би вредело да се купи недвижен имот. За Македонски Брод знам дека за 10.000 евра има гарсоњери.
Јас сум една од тие што се вратиле од странство со диплома и сега за сега тука имам повисоки примања од таму (кога ќе се земе во предвид стандардот на живот) и подобри можности за кариера, како и социјална поддршка за да можам да терам кариера (што во мојата професија е многу битно зашто немам фиксно работно време). Тоа со Албанците што отишле и тука кобајаги само во хотел седат е така затоа што примања после 2008 и на Запад не се толку високи (во однос на цените) на луѓето се селат сите за да може и жената да работи (ако работи само мажот не им стига). А кога ќе дојдат тука нормално е мед и млеко да се кажува дека им тече (на сите здружно не само на Албанците, тоа што живеат во исти маала со Турци и Курди и се хранат во Лидл не е битно). Така што ако имаш професија со која добро се заработува собирај си пари купи си стан и кола и троши си пари за одмори, шетања и слично. Ич да не те боли за политики и такви слични работи. Ние сме некако и проклети тука. Ако има за жалење први сме, ако има за фалење никој ништо убаво нема да каже. На пример некни прочитав наслов за здравство лекарите не биле заинтересирани за обуки (нормално од онаа Менче точи, а во текстот пишува дека од 2021 се договориле за обуки). Ако пише ќе одат на обуки никој нема да и го прочита текстот. Да не должам многу. Сега за сега мислам дека Кавадарци има добра перспектива (има прилично инвестиции, мирно и тивко и брзо се стига до Скопје ако ти треба) исто и Гевгелија (ако не Гевгелија Богданци зашто е блиску). Се зависи која ти е професијата и што би можела да работиш во тие места.
Леле Менче Точи живее на стара слава. Кога видов како со читателите на нејзините текстови се кара по фб, ужас, сменив мислење за неа, многууу.
Има и други места низ Македонија каде што можеш да издадеш стан, не е само Скопје. Гевгелија на пример, кирија ти е исто како во Скопје. Лугето што имале повеке пари куки, цели хотели направиле за издавање. Летово вриело од туристи, над 25 е, приспивање за двајца, за една нок. Исто и Охрид, ако е на добра локација се издава без проблем, за добра пара. Исто и Дојран, летово повеке се заработувало од транзитни гости, кои само преспиват, јадат по кафеаните и заминуваат за Грција.