Во Македонија сега посебни ми се две места Вевчани и Охрид мммм ... а далеку од тука ммм во моментов само на Тајланд ми текна
Јас би сакала да живеам во Италија...Рим..Или пак во USA..Баш ми се свиѓа раздвиженоста на луѓето и секако модата ..Забавите...
Многу пати сум размислувала,и има неколку места(што поромантични каде сигурно неможеш да живееш постојано,како пр некои острови) ,додека веке пореални места би биле Виена-поради отменоста и културата,Милано-поради убавиот вкус,Солун-поради убавиот мирис што од пецивата/што од морето.Скромна сум си јас,не ја напуштам Европа,па да летнам на др крај Но сфатив дека никогаш не би можела да живеам на др место,едноставно ке ми фали овој асфалт,чудниот менталитет на македонците,а највеке моите најблиски,иако не се знае што ке ми донесе иднината. Би сакала да си живеам во некое убаво кукиче на Водно или Трнодол,за да можам да уживам во чистиот мириз на зеленилата и свежиот воздух,каде ке имам мир,и би надокнадила за бучавата и нечистотијата од центарот на градов
Зависи...не е само да сакаш да живееш некаде, треба да се размислува дали можеш да работиш таму она што го работиш.. Но во последно време вака гледајки и читајки за државите низ светот..гледам, скоро секоја е понапредна од нас... Па и за Азербејџан мислев дека е уште по шкљ од нашата, испадна многу напредна земја.. скоро сите, ако не и сите се убави земји..навистина има премногу убави, не би можела на една да се одлучам. Но вака нафрлано, што ми доага у момент.. Лондон (го обожавам), Даблин (Ирска, преубаво е), Виена, Хаваи, Дубаи (уффф), Барселона Шпанија (исто прекрасно), Шведска (многу убаво), Рим, Венеција, Сан Марино... итн итн Гледам повекето Париз сакате.. искрено, јас нејкам. Не ги сакам французите па што сака нека е.. Не ми се допагаат како луге, јазикот не ми се допага, прелигав ми е, не ми се допага... Но никогаш не се знае, може токму таму ке живеам во иднина.. еве некои од градовите кои ги набројав да исплакнете очи Спојлер Лондон Даблин Виена Хаваи Дубаи итн итн. да не постирам од се слика...
Сакам да живеам на Карибите..сакам места каде што летото е вечно плажа, море, сонце обожавам! Никогаш нема да ми здосади!! А место различно од тоа Италија и Португалија - ги ОБОЖАВАМ
Париз,Италија несакам да живеам во Македонија, ја сакам многу Македонија но ете мислам дека платите се премногу мали и сакам да уживам во животот а не да мислам што ќе јадам утре како што секојдневно му се случува на секој втор во Македонија...барем јас така мислам ..Ќе работам некаде и ке доагам во Македонија и ке ѓи трошам парите како луда...)
Дома си е дома и сакам повеќе време да поминам тука! АЛИ сакам одреден период да живеам насекаде низ светот не само да ги посетам местата, туку да поживеам одреден период Би сакала да поминам една есен во Париз(зошто есен? не знам! сон ) Една пролет и лето во Лондон Пола година во Индија Зима во Египет, целогодишно кулирање на југот на Франција, итн,итн
Сакам да живеам во Мајами, Флорида, а во Европа во Барселона, Шпанија. Ма само да живеаам на море или океан.
Прага- спој од балканското и западното. Едноставно ја обожавам. Таму се гледам себеси во билска иднина.. Или Ровињ, кај што ќе имам куќа на море со огромни балкони полни со цвеќиња..