цел живот сакам да одам во јапонија ...ама ако почекам уште малку којзнае дали ке ја има а и тука не е лошо
Од сегде кај шо сум била во Венеција се осеќав некако најпосебно, најиполнето, најубаво, атмосферата е некако посебна, опушта, смирува Таму дефинитивно
Париз... Не само заради знаменитости и популарните градби, сакам да го слушнам и џагорот на тој француски акцент како шушти во воздухот.Да уживам во вкусот на француските специалитети, уживајки во преубавите ноќни прошетки што ги овозможува градот. oui Ииии го заборавив.. И Дубаи е убава варијанта
болна тема Дефинитивно сакам да живеам во Мајами. SOMEDAY... SOMEDAY I WILL COME ....................
Искрено да имаш пари убаво е у Скопје,ама еве мислам дека би можела да се уклопам добро на менталитетот и енергијата на луѓето во Шпанија,Мадрид или Барселона да речеме!
Некаде покрај вода-езеро или море.Скромно ,си го сакам Охрид,ја сакам Трпејца -погледот кој го нуди-само ...мислам дека тогаш нон стоп ќе мора со колата да одам в Охрид -заради кејот де. Малку поскапа варијанта -некаде на море,кај што ќе немам соседи,плажата(дива) да ми е на 15-20 м.од куќата која нема да биде многу голема ,ама ќе има добар поглед на морето.
Ако е за во Македонија или тука - во Скопје или во Охрид (мојот омилен град) а за странство некаде мн. далеку! многу би сакала Канада да одам или Италија или Австрија или Дубаи,Њу Јорк .... Многу места има
Сакам да живеам Охрид или Битола, многу се пријатни луѓето во овие градови, гостопримљиви, љубезни, двата града се балкански бисери Поздрав до Охриѓанки и Битолчанки