Во Македонија ми се допаѓаат само Битола и Охрид а можеби и Струмица. На Балканов мислам дека Белград е најубав град . А за подалеку па може Њујорк, Париз, ЛА, Лондон, Барселона- бев таму и можам да кажам дека градот е wow ...
Држави во кои сакам од се срце да живеам се - Полска, Ирска, Франција, Русија и Романија. Во Полска сакам да живеам поради мојот претходен живот за кој длабоко сум уверена дека постоел. Франција поради слободоумноста на голем дел од народот и отворените погледи. А Ирска едноставно поседува некој скриен шарм и моќ до кој би сакала да допрам. Романија поради многуте страшни приказни и минатото, а Русија поради борделите во огромен број и алкохолот Незаборавно. Ако од наведениве во било која земја утре ми се укаже прилика да одам не би размислувала многу. Но најискрено и од срце - Повторно би се вратила во Македонија! Во оваа држава сакам да ги оставам своите коски, ја носам во душата и не ја давам никому!!!
Јас живеам во Франција ... ама срцето ми остана тука во Македонија... А и дома си е дома!!!! Секаде може да е убаво ама како што е дома такво место нема никаде на цел свет!!!
сакам да живеам во тајланд која е добро развиена држава и една од поголемите покрај море со големи долги плажи и секое утро и вечер да уживам во звуците кои ги нуди морскиот бран и секако да џогирам по плажите .. пс. а во текот на денот да работам да си имам некоја фабрика или нешто сл. или пак мајами , њу јорк, паризз ..
Дефинитивно некаде во Франција....заљубена сум во нивниот јазик, во нивната култура, во нивната кујна... Не мора Париз било кое место само да ми зборат француски ептен мерак ми прави тоа романтичниот нивен јазик туф туф туф
Палермо, Сицилија. Да си имам една куќа на 2 спрата, со голема градина и двор. Таму да си живеам стандардно, може и еден стан во Париз, кој ќе го рентам преку година, а на лето 2-3 месеца да си поминам таму. Убаини. Исто така би живеела и во Њујорк. Од црно на бело идам. Од мир и спокојство - до партиенимализам.
каде што сум...во Скопје...што ми фали овде...нема никаде да е поубаво од дома... ..всушност ако размислам малку... па сакам барем едно 2 недели да пливкам-пивкам-лежам-спијам на базенот во Неготино... ако може
Покрај море , некаде каде што сонцето грее секогаш, а луѓето се весели и пријателски настроени. Вечно лето, море, журки на плажа, прекрасни вечери. Сонувам да имам куќа покрај море со голема градина, секое утро да се будам и првото нешто што ќе го видам низ тераса да биде морето.