http://www.youtube.com/watch?v=AiWD9QWK ... re=related Let's hear it for NEW YORK,NEWW YORKKKK! <3 <3 <3 Се давам да одам,а камо ли да живеам! -се надевам ке ми се исполни,а следното лето ке си одам сигурна,барем ке се обидам со овие чартер летовиве
Што подалеку, тоа поубаво. Да речеме ЈАМАЈКА. Косата ќе си ја направам СУКАНИЦИ (да направам суканици овде, ќе ме најдете на некоја бандера обесена, од страна на мајка ми) ќе правам што сакам без никој ништо да ми рече. Уживанција со гаранција. Секако нема никого да познавам таму
Онаму каде што мирисот на есента, летото, пролетта или зимата ќе ми бидат многу добро познати. Онаму каде што ќе можам да речам дека сум дома. Онаму каде што ќе пуштам корења и ќе создадам генерации со мојот ген. Онаму каде што нитуедна ситуација не може да ме изненади до толку, затоа што знам совршено да реагирам на неа. Онаму каде што ќе бидам среќна и исполнета.
Ухуу, гледам Лондон, бајаги посакувана дестинација. Да, од ептен мала сакам во Лондон можеби првобитно дека братучетка ми живееше таму 9 години, ама од второ-трето одделение, сонував за Лондон, за климата, за чајот, за луѓето. Ама сега не, клише ми е веќе. Мидсамер Нортон си го сакам, со прекрасен котиџ и градина огромна, гајле ми е што сум алергична на полен, ќе имам голема градина па што сака нека биде.
Блазеси ти што си живееш во Венеција. Годинава бев таму, ми остави многу убав впечаток. Јас пак би сакала да живеам во Лидо Ди Јесоло, покрај плажа некаде..
ММММ незнам на полно места хахаха,,,да имав повеќе животи ќе пробав на повеќе дестинации како Белград,Прага,Париз,Рио де Женеиро,Берлин...многу се.Сакам секаде по 1 година и каде што ќе осетам дека најмногу би можела да се вклопам и каде најмногу сум среќна таму би останала.Скромно?хахаха...