јас Живејам во lido di jesolo неколку км до венезија е . покрај плаЖа сум одма, секој ден вода бе сол смрди на мувла, влага аххх ама скисна бе девил скисна ми мајке мууу Жешко 50 степени стига, денес 35 уффф
тука и никаде на друго место....не го менјам ГТЦ и сите градски муабети за никаков Парис,Лондон или Милано НИКАКО
Њујорк,Лас Вегас таму некаде каде што има голеееми журки и по можност да е покрај море многу сакам знам исто така и во Виена многу сакам да живеам
Њујорк - Мојот град од соништата..Се надевам дека следната година преку студенстска размена ке имам можност да го видам овој град. Ахх пусти желби..ќе видиме каква ќе биде реалноста.
По можност би сакал местото да биде со Англиски како прв јазик... Лондон, Л.А. Њујорк, големи градови, да се чувствувам проголтано од нешто толку поголемо и подинамично од мене, да знам дека секој ден ќе мора да давам 110% од мене за да држам чекор со околината, луѓе на сите страни, нови познанства и можности, интелигентни разговори и интервјуа, успешни личности, големи компании, ресторанчиња на сите страни, дискотеки, кафичи.. Едноставно обожавам урбани џунгли и имам силна потреба да бидам во центар на таков вртлог, истовремено да ме фрла на сите страни во сопствениот хаос и да изгледа толку питомо и скротливо. Обожавам хистерија.
Сега сакам во некое лудо место, каде што секоја вечер има луди забави. А покасно за цел живот сакам да живеам (странство кај нас нема, има мали градчиња, но не со се што е потребно и со прекрасни куќи) во мало место (како на филмовине што се мали населби што се уствари мали градчиња или населби подалеку од голем град, сигурно сите знаете за какви мислам да не објаснувам на долго) и не се како села, значи за мало градче зборам да има се што е потребно, со куќи, тревници пред куќите,една голема главна улица што ги дели куќите од лева и десна страна, прекрасно семејство, пријатни соседи уфф сонувам за тоа
Веќе неколку години по ред имам можност неколку месеци да поминам во Париз. Не дека не сакам таму да живеам, но ми се плаче за Македонијава наша кога сум надвор од неа. Кога ќе ги почувствуваш сите стесни ситуации, гужви, нервози на своја кожа, сфаќаш колку само рајска земја е нашава . Инаку од Македонскиве градови би го избрал Крушево - плени со својата едноставност.
Сум поминала доста време надвор од држава и од континентот, можат да зборат леле париз,рим, америка....луѓеова е рај овде оваа слобода и оваа топлина на народ ја нема нигде. Така да Скопјево не би го менувала
Во Македонија. Некако има некоја слобода што ја нема баш секаде. А ако веќе би требало да кажам за надвор од неа. Швајцарија
Во некоја топлина, од европскиве Барселона, некако се пронајдов сама, од останатите места Куба ми е предизвик..
Само во КУМАНОВО. (да,даа срце давам за овој мој град!) Само тука е најјако! А веќе ако морам да кажам за надвор од Македонија, би сакала да живеам во Њу Јорк или Лос Анџелес.
Швајцарија, некако многу ми е убава земјата. Средена, чиста, законите се добри, платите, пензиите, манталитетот, чоколадото , природата, чистиот воздух...све...би сакала да појдам поне на одмор таму, ако не да живеам.. Спојлер