Во Италија, Франција.. Но најголем фаворит ми е Венеција. Иако на многу не им се допаѓа поради влагата мене ми е совршено место Спојлер
Мислам деканикогаш не би можела да останам да живеам никаде. Имам многу немирна душа, и знам дека за кратко време ќе почне да ме гуши местото. Плус тоа сеуште немам најдено до толку идеално место кое што би ги исполнило моите екстремни желби. Кога би имала средства, никогаш не би се задржала на ниедно место. На одреден период, би живеела во Ирска, сакам мирни планински местенца и сметам дека Ирска би била идеална за тоа. Ама, сакам и добра традиција, па Шкотска ми е на прво место за тоа. Сакам и култура и романтика, каде што би можела да се развивам како уметник, па затоа би живеела во Италија и Виена. Сакам готска архитектура, па затоа ја сакам и Будимпешта. Сакам мистика и зимски авантури па затоа ми се допаѓаат Скандинавските земји и Русија. Сибир само за најупорните Сакам гламур и затоа го сакам Њу Јорк. Сакам нов почеток, тука е Л.А. Сакам лудувања и забави, па тука е Амстердам. Сакам рај, па би отишла на Шри Ланка. Сакам да ја видам Аурора Бореалис, па би отишла на Антарктик. А мојот замок ме чека во Германија. Ќе останам таму каде што ќе најдам мир. А единствено место до сега кај што сум нашла мир било едно место во државава наша во Мијачкиот крај. Кај и да одиш, пак на корените се враќаш.
Искрено би живеела било каде во Велика Британија, освен во Шкотска. Најмногу би сакала да живеам во главниот град, Лондон. За таа моја огромна љубов кон Лондон е крива мајка ми која уште од малечка ми раскажуваше за Лондон, за деновите кои ги поминала таму со татко ми, за убавите случувања. Ма едноставно не можев да му одолеам. Исто така би сакала да живеам во Честер, не многу голем но и не многу мал град ( има околу 1000 повеќе жители од Прилеп) на границата меѓу Велс и Англија со според мене преубава архитектура. Спојлер И би сакала да живеам во Руабон (според бројот на жители е близу до Демир Хисар), село во Велс. Веќе ми е клише да слушам за Париз, Њу Јорк, Мајами и слични светски метрополи, јес да секој има различен вкус, но јас пред се би избрала град кој ме исполнува, кој ќе ми даде мир, љубов и топлина, а не светлечки реклами и луксуз на сите страни.
Од европскиве земји си сакам да си живеам во Италија-Рим, Венеција,Милано или пак Америките- Чикаго,гламурозниот Њујорк а да и Норвешка и Англија си ги сакам па си велам дека еден ден барем едно од сите овие места ке биди мој град, мое место
Тука само малце повисок да ни е стандардот и топ би било,а некаде надвор да имам некоја вила па чат пат да претрчувам
Сакам да одам некаде далеку , да почнам се од почеток .... Би сакала во Милано, Париз или Нју Јорк . А вака на балканов од тие што сум ги посетила убав впечаток ми оставил Загреб. Незнам зашто тој град ми е некако магичен...
Италија - Рим или Милано. Исто сакам да живеам на некој остров како што се Палма де Мајорка, Бора Бора.. Или да си имам куќа на некоја плажа сама за мене. И ништо не ми треба друго. Сама ќе уживам во тишината, во погледот кон морето по цели ноќи.Ама баш ништо друго нема да ми треба