сакав да зивеееам во турција вејке 10 години живеам и вејке ми се досадно а од овде некои ми љубоморат кога им кажувам дека по кафулињата се сретнувам со некој до глумците а дури со некои се дружам ми викаат ти дојди си ние ке идеме на твое место ама ни во лудило не би ја напуштила работата и планирам овде да останам засекогаш
^ Сега ќе ти фрчат пораки да го поздравиш Саваш, со него сигурно се дружиш. Да не сум оф топик, немам специфично место, но сакам да е голем, урбан град, а јас да си живеам на периферија, во оние маала со убави, начичкани куќички со тревници ко по Американските филмови.
И кого се си сретнала од глумците ако не е тајна. Да и истиот стандард да го имаме и систем на функцонирање, а не само да се викаме Југославија и јас би сакала.
Сакам да живеам некаде каде е вечно топло и каде нема пониски температури од 15 степени. Некаде каде што ќе можам да зборувам шпански, и каде англискиот не е прв јазик. Така да Мексико, Куба, Карибите, Колумбија ми се едни од совршените, онака како за мене.
Да надополнам. Доколку не би била толку зиморличава и доколку би поднесувала студ, дефинитивно мој избор би бил Русија... Онаму од каде што се корените на моите предци
Германија или Австрија, било која од овие две земји, само да слушам германски околу мене 100% од времето.
Секогаш сум се воодушевувала на плажи, викендички на 5 метра од море... Ама кога ќе подразмислам НЕ сакам да живеам на такви места.. Колку торнада, урагани, цунами... Тоа се ризични места А за повремено да прошетам, да имам каде да одам на одмор без да плаќам смештај/кирија тогаш МОЖЕ МОЖЕ!! Шпанија ми е полн погодок :
Одсекогаш копнеев по тоа да живеам во голем град метропола абе свашта си посакував.... А сега ? сега ми недостига она мало место или уште подобро тој начин на живот што го живееме во нашата државичка,таа слобода тој ноќен живот тие дружби абе ти текнува во 3 сабајле не ти се спие па си претрчиш до твојата досадна ама забавна другарка што ти мрчи цела ноќ немала цигари па си седите така у маало на пижами се смееме се глупираме...ох времиња ..но зошто велат пази што посакуваш може ќе ти се оствари и не не се жалам, живеам во центарот на случувањата патувам и фала богу имам можности ама некако сето тоа го губи сјајот кога премине во секојдневие големите градови не се некое место како што го прикажуваат по филмовите,тукашниот живот е далеку од совршен добро сеа да имав милионче може и немаше толку да ве гњавам со постов
Па можиш и Швајцарија и таму зборуваат германски ама дијалектички а ако појдиш австрија на секои 5 чекори ќе слушаш и турски јазик!!
Уфф тешко ми е да се одлучам, но ако баш морам, со сигурност би кажала ПАРИЗ - градот на светлината, уметноста, љубовта, модата.... едноставно го обожавам!!