Јас не мечтаам за живот во Париз, Лондон, Рим или Њујорк. Мечтаам за место каде нема да се будам со лоши вести за стрелани невини момчиња, за меѓуетнички тензии, протести, секојдневни тепачки и израмнување сметки меѓу различни народи. Место каде наместо живот во страв, ќе владее спокојство и безбедност.
Мадрид . Не, стварно го обожавам тој град. Од градби, знаменитости, до фудбалскиот клуб за кој навивам. Ќе бидам најсреќна ако во иднина барем го посетам. Исто така би сакала и во Лондон. Уште од мала овој град ми бил многу привлечен, барем од тоа што сум гледала на тв и од слики . Сакам дожд .