Би сакала да живеам во некоја од европските метрополи. Ако треба да наведам некое мислење, конкретно би сакала да живеам во Paris. Иако никогаш не сум била (Се надевам дека ќе го посетам во најскоро време) , има нешто што ме привлекува кон овој град. Неговата убавина и префинетост, јазикот кој се зборува... Доколку станува збор за Соединетите држави, би сакала да живеам во New York.
Токму овде каде што живеам. Во здодевново Скопје на кое му го знам секое скриено катче и патче напамет. Каде соседиве ги будам од спиење секое претпладне кога се враќам од училиште, а тие мене не ми даваат око да склопам среде ноќ. Каде фурнаџијата никогаш не ми дава 1 денар кусур од овие 8 и кусур години како моите ме праќаат по леб кај него. Каде чистачката во влезот никогаш нема да те одмине без да ти посака добар ден. Каде не можеш да се избориш за слободно место во автобусот бидејки во вторник и петок е полно ко на тотална ликвидација во Caliope. Kaде можеш да поминеш на пешачки без разлика дали е црвено жолто или зелено. Каде што пораснав. Каде што проодев. Каде што за прв пат дадов кош целејки кон комшискиот прозорец. Со сите недостатоци и придобивки. Токму овде.