Сакам некој ден да ги прошетам сите дестинации кои ми се на wish list, па и некој кои не се, и да се пронајдам во некое место доволно за да одлучам дека сакам да го поминам мојот живот таму. А инаку, за сега, Италија, Франција,Њу Јорк... Баш скромно. За Њу Јорк знам дека дефинитивно би сакала да го доживеам, а за живеење таму незнам колку би можела, можеби поради големината, начинот на живот, темпото... Но ако се пронајдам баш во таквиот начин, да.Во Хрватска сум била само на одмор, ама во срце ми остана и ако би имала шанса да живеам таму,би.И сакам да го видам Чикаго некогаш. По природа сум авантуристички тип, ја прифаќам секоја шанса за патување, така да сон ми е road trip на некои од омилените мести. Who knows, може ќе завршам некаде надвор еден ден.
Тука, во Скопје. Не би можела да заминам, многу сум носталгична. А можеби во некој "друг живот" би живеела во Лондон (го обожавам англискиот јазик, особено британскиот акцент).