Мислам не би згрешила со ниедна од Скандинавските земји Бошке Не сме биле во некоја друга, ограничени сме сеуште со патување, ама како им се спремам..... Ладното е подносливо, барем овде во Стокхолм. -20 и на нас во Македонија не ни е нешто непознато. Многу се долговечни луѓето овде, витални и младолики. И прилично здрави очигледно. Многу здрава средина е за живеење. На темава..... освен тука кај што сме, радо би живеела во Норвешка.
Лондон, да си шеткам полека и да си носам чадор ако ми подзарвни. Да пијам во 5 часот чај со колачиња. Да бидам воркахолик рајат. Кога ќе дојдам во куќата да се оптегнам на каучот и да врти крукчиња син ми околу мене - мамо ова, мамо она. А кога ќе заспие, да си турам чаша винце и цигарче да си запалам. Еххх убајни. Да го слушам Биг Бен како означува полноќ и јас да заспијам на истиот кауч.
Последно време имам голема желба за Дубаи *Никогаш ништо не се знае - како што вели членката погоре, во право е Ми испадна една прилика за таму но сеуште не се знае дали ќе заминам Не сум ни стрплива до пролет А доколку не отидам, се би дала макар еднаш да отидам и да се вратам Совршен и најбезбеден град