Во некое село во Франција. Во мала камена кукичка со голем двор, наоколу зеленило и плантажи со лозја И обавезно рекичка во близина, мажот ми да лови риба, а и јас да го дружам одвреме навреме Ова ни е сон и на двајцата, за кога ке бидеме во пензија .
Ако се мисли за град во македонија тоа би било скопје Но ако станува збор за држава дефинитивно Велика Британија,уште од мала сонувам таму да живеам
Ако се мисли за во Македонија, би живеел во Галичник. А доколку се мисли за странство, би живеел во Тајланд.
У Македонија, каква год била, не би го мењала Скопје. У комшии, одма уше сеа би се спакувала за у Белград. А подалечку, Австралија.
Ехе, ги има на листата Ајде ќе набројам неколку: - Дубаи, ОАЕ - Доха, Катар - Осло, Норвешка - Хаг, Холандија - Брајтон, О.К. - Ница, Франција (ама мразам Француски) Приметивте дека сите се покрај море, така? Тука ќе застанам.