Дефинитивно негде на море. А најдобра комбинација би била во одреден период од годината да живееш на море, а во друг период на планина.
Тука во Македонија, не дека сум патриот ама си ја сакам територијата....Потточно Охрид, баш има и езеро, милина
Тука, во сопствената земја каде сум роден, Македонија. Во земјата која ми дала место за живот. Единствено нешто шо е негативно за нас младите кои допрва треба градиме кариера е системот кој не укочува и тие шо управуваат со него. Втора алтернатива како младешки тренд мие нормално Германија а според карактерот се пронаоѓам и во Русија.
Некаде во близина на вода. Море, плажа ама да не е ептен некое туристичко место. Остров по можност би била одлична одлука.