Сакам да живеам во Австралија , на јужните делови така да само лето да гледам или во Јужна Америка,Мексико или Бразил.
Убаво е ама многу напорно. Прашај мене Особено во зимскиот период со снегот и мразот, човек заличува на мало дете. Оде падне, пак стане пак падне
Во земји каде што неморалот е казнив со закон. На пример: Кина, Саудиска Арабија, Катар... Ако некој знае повеќе вакви слични земји нека пише за да се одлучам каде да живеам.
Не знам сѐ уште. Понекогаш сакам во многу голем град, понекогаш во мал град , понекогаш сакам на приватен остров
Баш во Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ не наоѓаш многу многу правилно судење. Владее проституција доста. Членката што го спомна Иран е во право. Токму поради таквиот однос на Шеикот и на другите ултра богаташи, што силуваат девојки, а ако не прифаќа ја убива а и остануваат заробени таму. Поради тоа Иран ги смета за непријатели С. Арабија, Катар, ОАЕ... Во Иран е правилно муслиманство. Воедно се со гостопримство Персијците (Иранците). Имаат убави и стари пазари. Законот во тие неколку држави е вака "И солта личе на шеќер ама не е блага". Во Иран се што е на лист е и на пракса, функционира и за богати и за послаби.
Инаку јас штотуку спаднав од Осоговијата долу в град. Најдов нова работа па да видеме како ќе бидне. Ако не бива назад
Што зборате бе луѓе... Ми имаат кажувано во Саудиска Арабија и Катар шетала некоја религиска полиција и ги казнувале тие што оделе против законите што ги пишува во Куранот. Ништо тогаш, ќе си живеам во Кина, само да го научам кинескиот јазик (а тоа ќе се случи никогаш). Стварно, таму се почитува моралот, или на кого-како му одговара си тера?
Пари стојат на маса на сред улица - не смее никој да погледне не пак да се фати за нив да краде (проверено). Велат со која рака ќе украдеш таа ти ја сечат. Едит: за во Иран зборувам.