Знам еднаш пишав во Австралија. Не за друго ми се допага системот за живеење каков е. Барем тие што раскажуваат што живеат таму. Некако се е како од бајките, се нормално функционира, и здравство и образование, се. За секој има многу поволности. Ама многу е далеку. Сега последно време се мислам во Швајцарија. Не сум била сеуште таму, ама од слики што гледам селца на мои познаници преубаво. И се мислам човек да живее во такво место не може да биде под стрес. Овде тргнувам дете да носам на школо, пазеш некоја кола да не те плесне, или некое куче скитник да не те нападне. Одиш на два чекора и среќаваш депонија, секаде ѓубре еден тон, па следните два чекора внимаваш да не нагазеш на некој измет од куче и на крај се мислиш која улица не е разорана да не пропаднеш во некоја шахта или да скршиш некоја нога. Дали некој живее во Швајцарија? Да ми споделите искуство. Ама не во големите градови и центри, баш ме занима за вакви селца со зеленило и ливади. Да ми споделите ваши искуства. Се мислам и ваква тема да отворам живот во Швајцарија.
Покрај море. Грчка или Хрватска како подостижни и поблиски дестинации. Обожавам грчка храна, јазик, имаат преубава музика, а Хрватска ми е исто атрактивна како земја, башка нема потреба од учење јазик. Од подалечни - Шпанија (Барселона поконкретно, Каталонија, тој дел).