најмногу од се сакам да сум во некоја од европските држави, сакам секаде да се шетам низ цел свет, но за живеење сакам во некоја европска држава дефинитивно
Јас сум во Лондон моментално, го видов и лондонското око преубаво е, но сепак се би дала да се вратам во Македонија таму е најубаво никаде не е како во Мк...
Е да во право си нигде не е како во нашата преубава Македонија сеа дур сум тука само зборам дека сакам да идам негде надвор да живеам,а ми се има случено да не бидам дома 2/3 месеци и ме фаќаше тешка носталгија и едвај чекав да се вратам
од Македонија-во Охрид би сакала, а од странство-ајде Австралија нека е (ако и не ме одвлечкат наредното лето )
вамос бејби ^од Македонија сакам да си живеам онаму каде што сум си сега, во Струмица. Значи градот ни бидна толку убав, среден, чист што слободно можам да кажам дека е еден од најубавите во Македонија. Од градчево мое како да здрачи многу љубов и кога е -1289414 степени надвор. Преубаво е, а сега пак новиот плоштад.. Мњам,мњам, како Монте Карло е Од странство би сакала да живеам во Париз,Франција. Самиот јазик, самиот стил, самиот начин на однесување, самата мода.. у-б-а-в-и-н-и! моето Монте Карло, ама не е фатено многу убаво
Добро ми е и дома, во Прилеп, но атер за народот, со кеф би заминала од прекрасниот мој град! Желба ми е да живеам во Германија, баба ми живееше таму, а јас никогаш не дочекав да појдам да видам како е. Животна желба ми е да видам како е таму,и нормално- да проживеам
Отсекогаш сум сонувала за живот надвор од Македонија... Го обожавам и владеам англискиот јазик, и животен сон ми беше(до пред некое време) да ја посетам Америка. Бидејќи на начинот на кој сакав да го изведам тоа, по втор пат НЕ успеав, се разочарав... Инаку сакам да живеам во Лондон Многу ми е секси British accent