Каде ви е највкусна брзата храна?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од LoOnyD, 21 февруари 2010.

  1. LoOnyD

    LoOnyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Сакам да знам,кога јадат брза храна форумџикиве/форумџииве од фемина, кај највеќе јадат, таман може ќе дознаеме за некое место ново,највкусно,најефтино,па и за по другиве градови наз Македонија,ако патуваме ...да се снајдеме некаде да јадеме добра скара, пица или што знам ...бурек...било што!
    Еве за мене ќе си кажам дека си јадам кај Вили полнето бело со по некој татар сос и сенф и биена сол...и со ништо друго! Најпрекрасно ми е! Не се баш ефтини ама ...веќе сум зависна и нема назад! :D :D
    И најново кај што сум пробала е Икс Икс Ел во Бисер и исто ми се допадна скарата!
    По другиве градови имам јадено во Прилеп на автобуската во една кафана и имаше мноооогу убава скара ама тоа поодамна , не знам дали уште работи! И за во Битола имам слушнато на влез од Прилеп кога доаѓаш исто имало некоја кафана со добра скара, и тамо морам да пробам кога ќе одам натака!
    Ама не знам еве вие кажете...пофалете си некое место со убава храна!
    Инаку јас од скоро се занимавам со тоа каква ми е храната :) ...до пред 4 години не ми било важно кај јадам и какво ми е јадењето...битно ми било да не сум гладна и да не фатам некое тровање :lol:...али сеуште НЕ ми е битно какво е местото туку каква храна има :D
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    14.962
    Оф мори мајко, кај ме најде мене за храна :) :lol:

    Јадам од каде ми се јаде, и за најголем сладок грев си ги сметам лесковачката средна (гурманска), тип топ опремена со сосчиња, лутко, кромид и кисела крставичка, помфрит, просто да се здебелиш од самата помисла!
    Љубам да јадам во 7мица, но само кога сум сама, зошто се чувствувам господски, си нарачувам комбиниран и си јадам како лав, на мира, седната, со екстра засолен помфрит и уживам.
    Скара и радост за непце ми се кафеаната Св Никола во Струга, зошто за 150 денари добивам красен увијач со кашкавал, помфрит, малку салатичка и кромид. Со лепче и залеано со ракија - нема поголем боем од мене. :)
    Под брза храна подразбирам и печива и бурек, така што, после секое ноќно излегување, чест гостин сум во Ла Делишес и смачкувам баничка со пица фил или кроасан со зденка и маслинка (купував и од кај Мајче, но сега не толку), а обожавам бурек од Дени 2003, карши Студенстски, четврт, со јогурт, веднаш после свирка, мерак за меше! Сакам и пица панцерота во Вегера или некое кроасанче со екстра кечап, и тоа во друштво со другарки. Во било кое време! :lol:
    Исто така, сакам пилешки прсти и похован кромид, и тоа во Плаза дел Торос, во Соул Паб, а не се лоши ни во ирскиот паб. Други такви брзи храни љубам по околните домашни кујни, каде што во Шеф, за 89 денари имаш парче лазања повкусна од домашна или панирани буковки со ориз и печурки, а бре просто да си пукне човек од што е вкусно!


    Патем, имам вишок кг, ама сум пресреќна кога јадам и уживам! :up:
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Ох,имам многу омилени места,ама ако ве донесе патот во прилеп,ресторан Гурман.Вкусно и пол!А за попатно,млечен ресторан Фурорд,мхмммх едно лиснато геврече со шунка,кашкавал и печурчиња.Има уште...
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Абе не сум многу многу по брзава храна, ама еве ако некогаш ми се згреши :lol:
    Во Охрид, на хамбургер или помфрит - Меџик, пица - Леонардо, а интересни јадачки има и во Суво Пиперче :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Jас да ви кажам, ама ич не сум по бразата храна. Имам работено во ресторан сендвичара некое време и... па после тоа веќе не сум стаила во уста нешто такво :lol: Само домашно и манџички :D
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    Kaj сe наоѓа ШЕФ???....а инаку јас сум зависна од Кинескиот ресторан т.е од храната....се ми е убаво и најфкусно на свет...и од плаза де торос....а знам и еднаш двапати месечно и да тркнам до мекдоналдс :oops: ама вкусно ми е па :lol:
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    ja sega za sega sum si za 7mica kaj grcka ambasada
     
  8. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    14.962

    Шеф е веднаш до Тинексот во Центар, карши Соул паб. Во тој ред има и еден млечен ресторан Коки, со многу добра пастрмајлија! 8)
    Ау, да ете ме потсети и ти, кинеска храна обожавам! Кога одам со друштво, нарачуваме од сите мали порциички и од се сакам да пробам! Со стапчиња особено, зошто научив да ги користам, па се занесувам и си јадам како прав Азијат :))))
    И да дополнам, во Папу има прекрасно сирење на жар, обложено со сланина, се наоѓа во Дебар Маало, и кој не пробал, обавезно да го посети! Со топло лепче и намаз од лук, божествено е!
     
  9. srnicka24

    srnicka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    32
    :D :D :D мекдоналдс :D :D :D
     
    На Maarija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Koga ve slusam mi se prijaduva:) Ama ic ne sum zainteresirana za brza hrana-ne sakam meleno meso... Vsusnost, odamna ne jadam brza hrana-poveke sakam salati i domasna hrana. Vsusnost, moj najgolem porok se cokoladite:)
     
  11. Ivana3

    Ivana3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
     

    Прикачени фајлови:

    • me.jpg
      me.jpg
      Големина на фајлот:
      11,5 KB
      Прегледи:
      411
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    И јас научив да користам стапчиња :clap: :lol: ...а инаку неможам а де не приметам дека сме многу слични во желбиве :lol: и јас сум страшен гурман, ама многу вежбам па немам некој проблем со килограмите, ама моето најубаво стомаче, мојот најсилен адут отсекогаш почнува да се буни и да се изместува :lol: а на местенцава обавезно ќе одам можеби уште денес... :lol: поздрав
     
  13. LoOnyD

    LoOnyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    хахаха Ivana3 тоа мислам дека е трудна девојка :lol: :lol: :lol:
    Фала ви на предлозите ...Инаку да си кажам...не јадам редовно брза храна ... ама редовно ми е во мислите :D :D и не сум љубител на месо нешто посебно...ама понекогаш СКАРАТА ми е МММ ...(во реченицава се осеќам ко Хомер Симпсон-Barbecue MMM Beer MMM -нели?) и пицата ја сакам и тестата ги сакам...кога се топли. СЕ сакам!
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.454
    Темава за храна ми е омилена некако... Од местата за брза храна скоро секаде имам по нешто омилено. Па така ги сакам хамбургерите од 7ца, МК Фреш во МКДОналдс, пица во Дал Фуфо, пилешки прсти и помфрит во Плаза Дел Торос, Лазањи во Балила, Енрико сендвич во Енрико, пица сендвичот од Аванти, гирото од Гирадико, пилешко во бел сос во Дион. Кога ми се јаде нешто вкусно, ми се јаде нешто од горенаведеното. мммм ми се пријаде сега
     
  15. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Ако веќе збориме за брза храна Mcdonalds е главен :up:
     
    На Maarija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Пастрмајлија од Фотка ммммммм........... :D :D :D
     
  17. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Naj omileni mesta za brza hrana 7-ca,Amati,Plaza del toros,Vegera
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Значи само мене не ми се допаѓаат сендвичите од 7-ца, незнам зошто ама ич не ми се убави :?:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.902
    Допаѓања:
    75.789
    Пол:
    Женски
    Ауууу... темава :lol: :lol: :lol:

    Во Охрид - лазањи во Леонардо, сендвичите во Софти (постои ли уште? :?: ), гирото во Ирскиот паб „Балабан“, храната во Белведере 8) - инаку, многу ретко јадам надвор кога сум во Охрид... кога сум дома, јадењата на мајка ми имаат предност пред рестораните и сендвичарите 8)

    Во Скопје - 7ца, Мекдоналдс, Скупи кај фонтаната, Кај Тото (фантастична скара), Македонска Куќа, Џино, гирото во Гирадико, Цезар салата во Дион...

    Во Битола - Буре 8)

    Ова не е баш само за брза храна, ама ете кај милувам да јадам кога сум во некој од овие градови :D
     
  20. LoOnyD

    LoOnyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски

    Не...и на мене не ми се допаѓаат! :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent:
    Со почит кон љубителите на 7-ца! 8)