Добро бе, како го заборавив Попе? Поо - пе! Поооо - пе! Комбинираниот, мајонезот, компирчиња со многу сенф, кечап и ах тој мајонезот! Ах бре, абе Македонија е рај за холестеролче, масни наслаги и пред се, хедонизам и силување на сетилото за вкус пропратено со повеќекратен негов оргазам. Ама баш вриштечки
Обожавам брза храна. jac живеам во Струга и најчесто одам во 13ка и ПинкПантер. Во последно време повеќе кај 13ка таму не треба да чекаш 30 минути за еден помфрит и не прескокнуваат на пример да те прескокнат ако имаш порачано помфрит,а некој после тебе пет сендвичи.
Во населба. Шала на страна, за сендвичи дефинитивно ми е 7ца, иако во последно време претераа со цениве. За пица ми е Еквестриан, а за пица бурек (мојот омилен) Ваташа. Сите ми се блиски, затоа и најчесто јадам од таму.
Лесковачката од Вили. ОУМАЈГАД колку им е добар тој белиот сос, месото путер, ма се` е прсти да излижеш, особено после бурна вечер низ град!
Плава лагуна - мммм лазањите во земјено полни кашкавал, уфф и пиците им беа едно време ама сега нешто ги расипаа. Потоа во Џино пицата едно време беше навистина вкусна но исто така потоа ја расипаа поради незнам која причина. Дел фуфо дефинитивно си го задржува стариот шарм и вкусот на храната. А за ептен џанк фуд кога зборуваме ќе ги вбројам 7-мица, Стоилко и Каспер. Од каспер за време на одмор слабо и не се утепувавме јадејки тостови и од кај Душка хамбургери Затоа сега 9 месеци диета Да надополнам дека незнам што гледате во мекдоналдс луѓе... Тоа сендвичите се навистина вкусни меѓутоа се толку проклето мали што незнам како ви стига еден оброк. Мене сепак добро би ми дошле барем две такви сендвичиња, но и парите се исто толку добри а за истите ќе си купам голем сендвич и ќе се најдам ко стока
Пеликан беее Пеликан За инат пред 7ца го ставам затоа што камиончето фрижидерче пред мене го отворија... внатре хорор!
Во Штип, Хамби - едноставно не можам да одолеам на комбинираниот, плус мајонезот таму е најубав! Исто, Казабланка, ги прават најубавите пици Во Кавадарци, Мерилин - најубави сендвичи и највкусен пофрит! Во Кочани - во последно време, нема асална сендвичара, за пици - обожавам да јадам во пицерија Пјаца, и топли банички во пекарата во моето маало - Белич
Па дефинитивно 7ца ама малку си претеруваат со цените во последно време Инаку вака за лиснати, пица и такви ствари Специјал ми се многу добри а исто и Мари во Тафталиџе
Корзо и Бомбата.. Тостојте кај бомбата со кашкавал - незаменливи..да ти се тегне кашкавалот 2 метра.. Во корзо добро Гиро прат и хамбургер