има многу убави у red caffe позади скопјанка а и у фамилија имаш бесплатна достава до пред врата и кај 2те ставаат млечен кашкавал ,мене тоа ми е проблем бидејќи ретко можеш да најдеш некаде каде не стават растителен btw многу убави тостови има во палачинкарата кај тобако 2 бамбини исто со млечен кашкавал
Мекдоналдс! ..па после иде 7ца .. и после таму кај чичко стоилко таа последната сендвичараа! забораив како се викаше
За тие што го пофаливте Вили да ми предложите што да пробам Не сум пробала до сега и мислам време е. Какви се тие сосови што толку ги зборат...?
Јас од Вили сум јадела само полнето пилешко, а друго не сум пробала зашто ова ми е преубаво Сама си бираш сос, има повеќе, а и тој што продава ќе ти каже кој сос најмногу одговара со нарачаното
Имам уште едно ново место маркет Принц во Топанско Поле, па на самиот паркинг сендвичара,телешки донер или гиро ко што милуваат некои да го наречат, тазе, ПОЛНО па и релативно ефтино ко за гиро! мераци! п.с. што викате за XXL во Бисер? знам знам на повекето ви се допаѓааа, оддамна не сум била тамо!
За ХХL контретно еве јас ќе си споделам искуство. Последен пат бев летово, храната ми е убава, вкусна, и не е изненадувачки скапа. Е сега местото малку е онака кафанско и има сумљиви фаци (пијани), и јас лично не препорачувам женски сами да одат. И имам замерки за персоналот, ептен се неуслужливи, ако нешто им побараш дополнително да донесат вртат очи вака демек шо е па сеа.... некултурни, културата им е никаква, се расправаат со гостите, катастрофални се, ама па ако дневницата им е ниска тогаш и не ни очекувам нешто повеќе, со оглед на тоа што се` мора да трпат преку целиот ден. Инаку незаменливо место според мене за брза храна-Седмица , каков сендвич јадев прееска уште ме држи, цел го смачкав , ама битно вреди за цената што ја плаќаш
МекДоналдс ми е највкусно, посебно компирите. Само можеа малце поголеми да ги направат тоа тостовите/сендвичите, а не у заб да му се заглават на човек. А тоа што калориите прават журка друга работа. Затоа иако е вкусно, гледам поретко да јадам брза храна
KFC без конкуренција, бев долгогодишен почитувач и конзуматор на McDonald's, но кога пробав првпат KFC останав ваква За истите пари добиваш мнооогу повеќе и излегуваш најаден!
Порано бев голема љубителка на ВИЛИ но сеа неможам да смислам коклку го уништиле квалитетот,месото не допечено,лепчето ладно ууу катастрофа.Истотака многу ги сакав питите од ВЕГЕРА но и тие го уништија квалитетот .Некако кога ке се отвори нешто за брза храна,на почетокот е многу вкусно,дури да ги придобијат муштериите а потоа квлитетот иде надолу и надолу..И од ГИРАДИКО другарка ми доби тровање и тоа во болница беше недела дена дечко и полесно помина само со повракање..Сеа јадам само од МЕКДОНАЛС,инаку се др.иде down