Ако те чујат од Џино дека ги вбројуваш во ресторани за брза храна...одма отказ даваат и кључ на врата ставаат! Не јадам брза храна во принцип, ама ако веке јадам - McDonalds ми се закон
Веќе еднаш сум пишала на темава за Мек Доналдс, ама морам да кажам дека во последно време се поретко јадам таму поради цените. Превисоки цени за премалку јадење. Не се исплати. Како што почна школото така почнав се понездраво и понездраво да се хранам, односно секој ден сум на брза храна. Најчесто Д-р Клаус и Жито Лукс ми се први на листата, а потоа и една unknown тостерница во Лептокарија. Ми се допаѓа и Нино (мислам дека така се викаше сендвичарата кај Чичко Стоилко, на крајот). И Вили, бидејќи ми е во комшии. Имаат убави, големи сендвичи што прејадуваат, само ме нервира што речиси никогаш нема помфрит.
Малце каснам, ама би ти препорачала гурманска со бел сос, кари сос и тартар сос( лиги ми потекоа сеа)
MC, Вили (дечко ми ги обожава, јас еднаш онака пробав, и ми се допадна), и Амати ради пицата. А во К.Вода има одлична солена палачинка во Џокер мислам се викаше, ново отворено е. Мјамииии
не знам дали да ја ставам во брза храна ама ај....дефинитивно пицерија костарика.....ммм какви пици прават ми доаѓа секој дена да идам и таму да јадам и плус тоа......цените му се но комент!!!
ау заборавив и пецерија немо охрид да ја спомнам......ммм какви ствари прават таму.....нјам најма нјам ми иде сега да појдам до охрид и фино да си се налапам
Не знаев каде да прашам, (се надевам не е офф топик, и да е нека бришат модераторите) ми треба број од “Вили“, итно е... Ако има некој буден...
Во златна книга ги има овие броеви: Вили адреса: Водњанска б.б. место: Скопје телефон: (07 421 034 Вили - Буњаковец адреса: ТЦ Буњаковец место: Скопје телефон: (02) 3245 840 Вили - Скопјанка адреса: ТЦ Скопјанка место: Скопје телефон: (02) 5298 333
Ново откритие - Турскиот ресторан во Рамстор. Пиде со лук и ореви, плус манџичка со триста зеленчуци. Љакмаџун со ајран во комбинација. Помфрит со лута сол, донер со прилог од зелка, салата од буковка и павлака и модар патлиџан на скара. Уф! Не дека е брза храна, ама е фантастично ако ти е смачено од сите џанкови и натапанети сендвичи.
хахаххаа дефинитвно не сум го прочитала делот кај што пише БРЗА ХРАНА , хахаха се извинувам , мислев општо кај има вкусна храна ... хахахахаха
Зависи колку сум гладна. Обично не јадам брза храна ама некогаш, што се мора не е лесно! Секако ми се допаѓаат компирчињата од McDonald's.