Не се секирајте ...нема нешто офф топик коа се работи за добра гурманска душа слободно распрашувајте се ...
Најубав тост кој сум го јадела било во Штип, седвичарата одма карши сквер да ме убиете не ми текнува како се викаше, ама прсти да излижеш. Пастрмајлија исто Штипска од Казабланка само и од никаде на друго место. Во Скопје 7мица за мајнезот, мене месото ми е одвратно, затоа Жужу бургер е чудо од сендвичара, најубавиот и најголемит хамбургер кој сум го јадела. Инаку од странскиве KFC е милион пати подобар него Мекдоналдс или Кинг Бургер. Најубавото пилешко месо на светот. Се исполигавив како мало бебе