Јас изгледа сум единствена што не ги можам 7мица. Мене не ми се ништо посебно, лани живеев позади 7мица, а само еднаш купив сендвич од нив во цела година. Вили ми се во ред, Ројал Бургер, Гостилница Турист. А има и една карши Скопјанка сендвичара, накај железничка кога одиш од Аеродром, не знам како се вика, ама убави им се сендвичите и ненормално ефтини.
Па не се драстично поевтини. Хамбурер обичен, средна големина е или 90 или 99 денари. Другите беа поскапи мислам дека беа 130 и 150, не знам што беше разликата меѓу нив, вајда кашкавал имаа, поголема плескавица, и остали џиџи мижи. Копирите се по 40/50 денари не се лоши. Мислам дека кај нас нема оброк комплет, барем не видов такво нешто туку се посебно се купува. Мене личн ако ме прашате никогаш не ми било ништо посебно, Ројал за 160 денари има комплет со кока кола и помфрит ако не се лажам мене ми е двеста пати подобар. Пробај де да видиш како ќе ти се допадне, мене никогаш не ми бил ништо посебно..