И мене не ми се свиѓа 7ца. Еднаш јадев и тоа пред некоја недела и тоа компирите не ми се свиѓаа, а кечапот и мајонезот се ужас- најлоши до сеа што сум пробала и не ми беше ништо посебно. За 130 или 140 денари не вреди освен големината Инаку Вили ми е феноменално, Гирадико многу ми е убаво свинското гиро ако се рачуна во брза храна, МекДоналдс - јадев таму само заради италијански тост оброк (сендвичињата не ми се свиѓаа ради плескавицата од соја), МФЦ ми е најдоброо нешто го има на Водњанска, а во Ројал не сум пробала се уште
Royal Burger, мене ми се топ, онака солидни на вкус и фини на лик. Омилен сендвич: бејкон бургер, мх, мх, мх..Најдобра сендвичара ми е во овој аеродромски дел на градов. 7 ми е некако шо знам, мутава, одамна не сум јадела а порано многу ќејф ми праеше комбиниран со додатоци печурки, сланина и уште нешто. Вили, не-никако, ужасно, последен пат кога јадев лепињата беше сигурно 5 дена стара, месото имаше некоја чудна арома и после неколку гриза наранив едно улично куче. Незнам дали е во брза храна ама морам да го пофалам донерот во Босфор, лепота е тоа бре, какво гиро какви бакрачи... За пици ги препорачувам Гала кујна, поприлично убави им се пиците.
Тоа Ројал Бургер да не го видам, цел живот со сестра ми јадеме у 7ца еднаш јадеше она у Ројал и отровање закачи! мене ми се тапа Ројал, еднаш јадев колку да видам шо е што го зборат сите тоа уствари ставаат сос и го направат нешто спешл. Убаво и фино е спакувано, ама лепчето им е ту мач тесто, а и месото е онака обично. Компирчињата така така. Шознам... 7ца си е 7ца. (ми потекоа лиги сеа) Вили си го поштувам ради сосовите, добро и лебчето им е добро, а од плескавицата незнам зошто ама секогаш кога ја ајдам после тоа икам и неможам да се сопрам Али сосовите се врв!
Ројал бургер тешуќур јок. Гудис исто, мали сендвичи ко за во заб, не сме џабе балканци, ко ќе седнеш да се најадеш ко човек- човек и пол
Пилешки прсти од Ле Пиле. Прво беа во Аеродром, сега имаат и едно во Кисела Вода на Рампа. Можам секој ден да ги јадам.... Обично си земам и помфрит, ама еднаш несакајќи приметив дека прават и пекарски компир, не е баш пекарски печен, него имаат финта во пржењето и убави зачини ставаат, преубав е.
Во McDonald's, ама нема повеќе. Инаку насекаде по сендвичарите ми се допаѓа брзата храна. 7-ца како што гледам ја фалат премногу.Мора да се отиде и таму и мора да накачам некое килце.
Само во Foody. Во други градови што сум јадела, не ми се нај нај. А тука можеш да си бираш што како сакаш, па може и зденка да стават... и оригано.... мх мх..