Не е тоа-тоа што беше порано. На стара слава гураат. Единствено помфритот им е добар и мајонезот со кари, ама ете го помфритот во Стокомак, истиот го зимаат. А мајонезот со кари, можеш дома сама да си го направиш, многу е едноставно.
Некако во Скопје веќе никаде ме е како што беше порано брзата храна. Намален е квалитетот секаде. Седмица ако мора да се бира.
Ти во Скопје живееш? Штом за тебе нема убави места за брза храна и најдобра сендвичара ти е Седмица, сигурно си од Шуро Оризари или од внатрешноста на Македонија.
Јас си го кажав мислењето, за тоа е форумот. Не е за поделба на Скопје и другите градови. Јас сум скопјанец и брзата храна е една од причините за брзиот напредок на Скопје. Седмица постои многу пред оваа што ја знаеш ти. И ние од Скопје не сме учени да ги делиме луѓето на градови и села.
Те прашав затоа што викаш дека во Скопје нема добри места за врза храна, што за мене е дури смешно. Седмица беше добра до пред 15 години. Ние скопјани ја сметаме Седмица како една од најлошите сендвичари во градот. Функциинираат само заради ромите од Шуто Оризари и работат на стара слава. Ништо веќе не е убаво во Седмица. Пкескавицата ја расипаа, р'скавици и жили е полно, цевен пипер парчиња, тврдо наместо да биде месото меко... Мајонезот со кари јас дома сам го правам подобро од нив. Помфритот што го користат го има во Стокомак во плаво ќесе. Седмица е најлошата сендвичара во градот. Затоа си ми смешен со одговорот. А и да кажеш дека во Скопје дека скоро и да нема добри места за фаст фуд, треба да не си излегол од дома.
Дали воздухот,дали носталгија по младоста,се уште најдобар тост јадам на пазарот во Стар Дојран,сендвичара Џина
Користат квалитетно брашно (странско) и ставаат доволно мастраф. Плус во фурна ги прават пиците. Затоа се добри. Е сега не се цените ефтини, ама јадеш квалитетно и како што треба. Подобро плати поскапо за квалитетно, отколку поефтино за полошо.