Тост со кашкавал и салама и кечап и мајонез од една сендвичара во Битола, се вика АНДРЕА! И од кај Бомбата(битола) И хамбургер од “Гиро“ исто во Битола.
Незнам дали има некоја тука од Виница или некое место во близина, ама поубаво нешто од сендвичара КИМ нема! Секогаш кога сум во можност да поминам низ Виница тргнувам од дома со празен стомак за од КИМ да надокнадам. Тоа е совршенство. Најубаво нешто и со задоволство би изела 3 сендвичи наеднаш.
А јас еднаш кога бев во Велес го јадев највкусниот тост во животот во сендвичарата Снупи. Ептен беше голем и вкусен и знам дека не беше воопшто скап. И убава беше сендвичарата, на три спрата.
Ги одјадов, почнаа во стомакот да ми растат. Башка во последно време ич не им се убави, компирите недопржени. Реков повеќе никогаш нема да купам, ама ете штрајкува стомакот па купив еден тост ама без помфрит
Јас тостот го јадев пред 2 години, сега незнам каков е ама тогаш беше милина- со помфрит голем со се, абе сега кога пишувам ми се прејадува.
Во Кавадарци во Мерлин,Тропик-Прекрасно место во природа (5 км од градот во Моклиште), Анастазија (Најубавите слатк-еклери,грклени,падобранки), и дефинтивно имаме најубав ѓеврек. Битола-Корзо,Буре. Скопје-Вегера,Амати,7-ца,Дивино Преубаво е јадењето, Кај Перо (драчево мислам дека беше), слатки имаше во Рамстор една слаткарница, Преубаво. Неготино- ЕМА
abre sekade .. se zivo i divo jadam ensto tost so pomfrit eden kup amm..ili pastrmajlija pica so se i sesto na nea uf uf ..pomfrit cela cinija so kecap majonez luto origano ..gotovo e odam da jadam
топено сирењ во Сопотско ммм... топло ви го препорачувам целото мени зошто имаат стварно интересни јадења мњам мњам
Не можам да ја поднесам храната од Мекдоналдс Едноставно бесплатно да ми ја даваат не би земала.А вака бидејки сум од Куманово редовно купувам во Максим
Фаворити ми се тостерницата Нино во центар и Мек Доналдс. Eдит: плус една сендвичара на Партизанска во комшии ми е ама не знам како се вика, лесковачката од таму ми е најубава.
Многу ретко да се случи да јадам во некоја локална сендвичара, скоро никогаш! Другариве ми се излудени по лесковачка, сум јадела два-три пати ама не сум јас тип што сака месишта напикани во леб! Башка има едно триста сосови внатре, па на 100 метра човек може да знае дека си јадел од таму. Кога немам што да јадам си одам во Мекдоналдс, си нарачувам оброк и се најадувам. Али гледам што поретко, зошто и не е баш нешто вау храната. Исто така, си нарачувам и пица, до дома ми ја носат и ич не се замарам