На место каде ќе бидам сама, не мора да е нешто нај-нај. Сакам само да се одморам од СЕ и од СЕКОЈДНЕВИЕТО, да легнам и добро да размислам за СЕ, и за моите и за туѓите постапки.. ДА ГО ГЛЕДАМ ЗАОЃАЊЕТО НА СОНЦЕТОО... АААХ, постои ли вакво место? Ќе влезам во ''светот на бајките'' како што ми се гледа.
Тенерифе! Сонце, море, плажа, коктели, палми... Сакам да се чистам од песокот што ми се залепил на маслото за сончање, да пливам кога ќе ми биде премногу топло, да читам книга под палми, да ме мази саканиот, да ми ја трга косата залепена на кремата на образите. Да ги фрлам џемпериве од мене!
Во Венеција да се возам на гондола, по венецијанските канали, да го осетам мирисот на водата, да се прошетам по мостот на воздишките, ахх...
Да бидам некаде далеку, на некое осамено место. Барем на кратко да се тргнам од оваа држава, од овој град, да дишам свеж воздух. Сакам да бидам некаде далеку, доволно далеку да можам да заборавам на брзото темпо на живот овде, на миг да заборавам на сите проблеми и секојдневните обврски. Посакувам да биде прекрасно. Над мене ѕвездено небо, пред мене оган, покрај мене дечко ми.
Би сакала да бидам на некое смирено место каде би можела да размислувам слободно, да одлочувам понатаму што би правела во мојот живот, да се нурнам во фантазии и да по акам тоа да биде реалност. Најдобро место за тоа би ми било ова ама секако да сум сама