Во моментов би сакала да сум во Белград, и да се прибирам од искачанка од некој тамошен клуб... Ми фали добро и опуштено журкање, народ кој не изиграва полицаец и само те набљудува , туку игра, пее, скока, се фотографираат со тебе, сите насмеани и во свој фазон. Вакви или онакви, Београѓаните се народ за забава и одличен провод, и сега таму сакам да сум.
Едноставно сакам да си го гушнам Zayn Malik во Лондон, кај и да е да си го видам но најважното сакам да си ги видам моите внуки во Австралија-Сиднеј од ко се родиа ии премногу сакам да си ги видаммм, едвај чекам да поминит 4-5 години, здравје дотогаш поздрав
Баш тука. Со најминијатурната приколка на свет до мене,чисто да имам услови да живуркам и ништо друго не ми е потребно. Знам дека за многу кратко време ќе се заситам и од ова место, ама мене доволни би ми биле и само неколку часа овдека, за да се осеќам преродено. Кога ја гледам сликава освен умствено, друг начин на телепортација не гледам .
Негде на море, макар и до јужниот сосед. Само да биде Август, времето тогаш е најубаво. Да не биде претопло и да нема многу гужва. Ми се смачи од ова студенило, сакам лето. Сакам вака да шетам по плажата и да си ги ладам стапалата. Друго ништо не барам! Ми се смачи од студеново време од кое ми црвенее носот, од обврските, од школото, па и од домашните. Сакам негде бар на недела дена да избегам, да си ги буричкам нозете и да се разладувам со некој ладен напиток. Друго ништо не барам. Скромна сум нели Да лежам на брегот, свртена со грбот накај сонцето. Со затворени очи да ги чуствувам брановите како ми го галат грбот. И да ме напаѓа дремка од бучавата што се ствара на плажата. Колку многу го посакувам ова во моментов. Ова незаменливо чувство! :geek:
Ке бидам скромна, доволно е викендов да го поминам во Берово, на планина, да си го остаам паметот на пасење заедно со овчичките од околните бачила........ заедно со љубениот се разбира
Vo momentov bi sakala da bidam na plazha, da se soncham, na more, so drugarkite, i da se zhurkameeeeeeee do beskraaj
На некое место каде што никој нема да ме замара, да бара нешто од мене, каде што лоши работи не се случуваат на невини, каде секој добива што заслужува и никој не мрчи, каде што ги има најубави благи за беспари - Недојдија (или Земја Дембелија ако не може таму)!!!