В планина, жими мајка, в планина сакам да одам. И никој жив пес да нема освен, јас , дечко ми, некој од друштвово и толку. Некое куќарче, оганче, скариче, винце, музиче, картичиња, милина. http://www.youtube.com/watch?v=EfbUo3Hh8Yk Ете така...
Сега во моментот посакувам само да сум в кревет. Да немора да учам за овие глупости кои учам и така да спијам до утре ова време.
Во кревет, во длабок сон. Наместо тоа, еве ме во ниедно време по полноќ пијам чај и се обидувам да се справам со несоницата додека сите спијат.
Во скопската дома, со некој шо ќе ме сака многу и ќе гледаме некој добар трилер или акција филм, ќе јадима пица, пуканки, сокче, можи несто ситно алкохол и добро благце и после добар сеас да си поспиеме и да се истушираме спремиме и да одиме на некое романтично место, па макар и тоа да е само прошетка низ градот.
Некако погодено ми е местото. Но доколку би можела би сакала во некоој голем шопинг центар со голема сума пари . Да одам во мекдоналс и да баталам и диети и се, потоа да си ги купам сите фустанчиња, блузичики, фармерки кои ке ми требаат за на пролет и на лето, и на крајот да завршам во некоја огромна куќа со некој прекрасен поглед, во позадина да слушам релаксирачка музика и да уживам . Многу сонувам знам.